Доротеј (филм од 1981)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Доротеј“ — српски и југословенски филм од 1981 година, во режија на Здравко Велимировиќ. Главните улоги ги играат: Гојко Шантиќ, Горица Поповиќ, Велимир Бата Живојиновиќ, Дарко Дамевски и Вељко Мандиќ.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива во феудалната Србија во 1308. година. Монахот Доротеј доаѓа во еден манастир за да го лечи стариот игумен. Монахот Никанор има намера да го преземе раководството на манастирот, па неговата недоверба кон Доротеј се претвора во отворен судир, откако ќе оздрави игуменот. Во народот се раширува гласот дека Доротеј е чудотворец и благородникот Лауш го повикува Доротеј да го излечи од раната која му се влошува. Истовремено, заповедникот на војската Дадар ѝ се наметнува на господарката Јелена, сопругата на Лауш, надевајќи се дека Лауш ќе умре и дека тој ќе преземе власта. Јелена му се приближува на Доротеј, кој лечи без да ги дели луѓето по положбата, туку по страдањето. Природно, меѓу нив се создава духовна врска која прераснува во љубов. Тогаш се будат мрачните сили на злото. Никанор и Дадар ја губат последната можност за освојување на власта, а во нивниот свет нема место за човечноста и за љубовта.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]