Диос
Изглед
Диос (старомакедонски: Διός) или Диас (старомакедонски: Διάς) бил старомакедонскиот врховен бог или бог на небото. Според истражувањата тој бил богот Зевс од старогрчката митологија, но според трвдењето на македонскиот историчар Блаже Ристовски Грците се тие кој го презеле Зевс од Македонците.
Македонскиот Диос се разликувал од грчкиот Зевс. Според старогрчката митологија тој живеел на врвот на Олимп бил врховен и бог на молњата. Управувал со сите олимписки богови и негова жена била Хера. Една од разликите помеѓу македонската и грчката олимписка митологија било тоа што античките Македонци верувале дека синот на Диос Херакле бил нивни митски предок и радоначалник на кралската куќа.