Димитрие Јандровски
Димитрие Спасов Јандровски ( 1926 во Ракотинци, Скопско — 16 април 1945 во Будровци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Потекнувал од сиромашно селско семејство. Основно училиште завршил во селото. Кога навлегле ослободителните бригади на терените околу Ракотинци, материјално ги помагал. Особено бил активен во младинската организација. На 15 септември 1944 година стапил во Дополнителната бригада, а подоцна се префрлил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која заминал на Косово. Таму учествувал во бројни акции за разоружување и ликвидирање на заостанатите балистички банди. По успешното извршување на овие задачи, со Бригадата заминал за Срем, каде се истакнал во завршните операции. Загинал на 16 април 1945 година при ослободувањето на Будровци. Бил закопан на борбената позиција.[1]