Денес (филм од 2014)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Денес - ирански документарен филм од 2014 година, во режија на Реза Миркарими, кој е автор и на сценариото. Улогите ги толкуваат: Парвиз Парастуи, Сохеила Голестани и Шабнам Могадами. „Денес“ е третиот игран филм на Миркарими и тој бил ирански кандидат за „Оскар“ во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Содржина[уреди | уреди извор]

Реза Миркарими ги испитува социјалните прашања преку една воздржана, цврсто фокусирана карактерна драма. Следејќи таксист кој сретнува една млада вознемирена жена за време на еден негов работен ден, филмот претставува одличен приказ на пристојноста и пожртвуваноста. Јонуз, таксистот, е принципиелен и молчалив карактер. Тоа е јасно од самиот почеток кога од таксито ќе исфрли стопанственик што се заканува некому по телефон. Во неговото такси влегува трудна жена која бара да ја однесе во болница, но не ја знае адресата на болницата.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]