Деикса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Во лингвистиката- деиксата се однесува на појавата каде за разбирање на значењето на одредени зборови и фрази во даден израз потребни се информации од контекстот. Зборовите се деиктички ако нивното семантичко значење е постојано, но нивното симболичко значење се менува во зависност од времето и/или местото. Зборовите или фразите на кои им зависи значењето од контекстот – на пример, англиските заменки - се деиктички. Деиксата е многу поврзана со индексикалноста и анафората, што ќе биде објаснето подолу. Иако оваа статија главно се занимава со деиксата во разговорниот јазик, концептите можат да бидат применети и во пишаниот јазик, гестикулацијата, како и во медиумите за комуникација. Додека статијата главно прикажува примери од англискиот јазик, се верува дека деиксата е карактеристика (до одреден степен) на сите природни јазици. Потеклото на терминот е од Стара Грција: δεῖξις „изглед, демонстрација или опишано“, а значењето „насочување кон опишаното“ во современата лингвистика е преземено од Крисипус.

Видови деикса

Традиционални категории

Веројатно најчестите категории на контекстуални информации кои се однесуваат на деиксата се оние за лице, место и време – она што Филмор го нарекува „најголемиот граматички вид“ на деикса.

Лице

Деиксите за лице се однесуваат на граматичките лица кое се вклучени во еден израз, (1) оние кои се директно вклучени (пр. оној кој зборува, оној на кого му се обраќаме), (2) оние кои не се директно вклучени (пр. преслушувачите – оние кои го слушаат изразот, но на кои не им се обраќаме) и (3) оние кои се споменати во изразот. Во англискиот јазик разликите се главно означени со заменките. Следниве примери го покажуваат тоа. (Личните деиктички термини се закосени [сигнал за одбележување кој ќе продолжи во статијата]).

Јас одам на кино. Дали ти би сакала да одиме на вечера? Тие се обидоа да ме повредат мене, но тој дојде да ме спаси.

Род

Во многу јазици кои имаат само машки и женски род, посочувањето на подмети од среден род има различни аспекти. Предметите имаат свој род исто така, кој е машки или женски. Кога зборуваме за предмет кој нема род, обично се зема како машки род, иако предметот сам по себе нема род. Во англискиот јазик, кога зборуваме за некој лик кој нема род, самосвесно суштество, се зема како да е од машки род или како „тој“, бидејќи е несоодветно со „тоа“ да му се обраќаме на свесно суштество. Во многу јазици, им се обраќаат на луѓето како да се машки род, а и групата од мажи и жени се зема како да е од машки род, како Ils во францускиот јазик. Пример за ова:

 	 Човекот е одговорен за неговата сопствена душа.

наспрема

        Секоја личност е одговорна за неговата или нејзината душа.

Вообичаено за многу религиозни текстови е обраќање кон луѓе од сите родови употребувајќи машки род. Машкиот род применет да означува машки или женски личности може да биде разбран во контекстот.

Место

Деиксите за место, исто познати и како просторни деикси, се однесуваат на локацијата важна за еден израз. Слично како и деиксите за лице, локациите можат да се однесуваат на оној што зборува или на кого му се обраќаме, или оние лица и предмети за кои се зборува. Најистакнати примери во англискиот јазик се прилозите „овде“ и „таму“ и показните заменки „ова“ и „тоа“ – иако тие не се единствени деиктички зборови. Неколку примери:

   Јас уживам да живеам во овој град.
   Овде ќе ја поставиме статуата.
   Таа седеше таму.

Ако не е назначено поинаку, термините за деиксите за место вообичаено се поврзани со локацијата на оној кој зборува, како во

Продавницата е спроти улицата.

каде „спроти улицата“ е разбрано како „спроти улицата каде што сум сега јас“. Интересно е да се забележи дека додека „овде“ и „таму“ се често применети да ја означат локацијата близу или далеку од оној што зборува, „таму“ исто така може да се однесува на оној на кого му се обраќаме, ако тој не е на истата локација како и оној што зборува. Па, додека

Овде е добро место; премногу е сончево таму.

ја објаснува претходната употреба,

Какво е времето таму?

е пример за другата примена. Јазиците обично покажуваат најмалку двонасочна насока за обраќање во деиктичкиот систем: проксимална, т.е. близу или поблизу до оној кој зборува и дистална, т.е. далеку од оној кој зборува и/или поблизу до оној на кого му се обраќаме. Во англискиот јазик постојат примери за ова како што се паровите ова и тоа, овде и таму итн. Во другите јазици, разликата е тринасочна: проксимална, т.е. близу оној кој зборува, медијална, т.е. близу до оној на кого му се обраќаме и дистална, т.е. далеку од двајцата. Ова е случај во неколку романски јазици како и во корејскиот, јапонскиот, тајландскиот, филипинскиот и турскиот. Архаичните англиски форми yon и yonder (сèуште зачувани во некои регионални дијалекти) некогаш биле дел од дисталната категорија, која сега е вклучена во претходното медијално „таму“.

Време

Временските или деиксите за време ги вклучуваат различните времиња употребени во израз. Тие ги вклучуваат прилозите за време како „сега“, „тогаш“, „наскоро“ и други, како и различните времиња. Добар пример е зборот утре, кој го означува секој следен ден по секој ден. Утре од денот минатата година е различен ден од утре од следната недела. Прилозите за време може да се поврзани со времето кога изразот е кажан (она што Филмор го нарекува „шифрирано време“ или ШВ) или времето кога изразот е слушнат (според Филмор - „дешифрирано време“ или ДВ). Иако понекогаш овие две означуваат исто време, можат и да се разликуваат, како во случај на снимен материјал пред емитување или совпаѓање. На пример, ако еден напишал:

Сега врне надвор, но се надевам дека кога ќе го читаш ова ќе биде сончево.

ШВ и ДВ ќе бидат различни, каде првата деиктичка форма го означува ШВ, а втората ДВ. Времињата се обично поделени на безусловни (деиктички) и условни времиња. Така, на пример, простото минато време во англискиот јазик е безусловно, како во

Тој отиде.

додека предминатото време е условено од некое друго деиктичко одредено време, како во

Тој беше отишол.

Други категории

И покрај тоа што традиционалните категории на деикси се веројатно најочигледни, постојат и други видови деикси кои се слично присутни во употребата на јазикот. Овие категории прво биле дискутирани од Филмор и Лајанс.

Дискурс

Деикси за дискурсот, исто така наречени текст деикси, ја вклучуваат примената на изразувањата во еден исказ кои се однесуваат на деловите од дискурсот во кој е содржан исказот – вклучувајќи го и самиот исказ. На пример, во

Ова е одлична приказна.

„ова“ се однесува на претстојниот дел од дискурсот, а во

Тоа беше прекрасен ден.

„тоа“ се однесува на претходен дел од дискурсот. Мора да се направи разлика помеѓу деикси за дискурс и анафора, тоа е кога израз се однесува на истиот подмет како претходен термин, како во

Метју е инзвонреден спортист; тој стигна прв во трката.

Лајанс вели дека е можно еден израз да биде и деиктичен и анафоричен во исто време. Во неговиот пример

Јас сум роден во Лондон и јас живеам овде/таму целиот живот.

„овде“ или „таму“ функционираат анафорично кога се однесуваат на Лондон, а деиктично кога изборот помеѓу „овде“ или „таму“ покажува дали оној кој зборува е или не е моментно во Лондон. Искуството кажува дека кога еден израз се однесува на друг лингвистички израз или дел од дискурсот, тоа е деиктички дискурс. Кога тој израз се однесува на истиот предмет како претходен лингвистички израз, тој е анафорички. Промена на обраќање е вид на деиктички дискурс и граматичка карактеристика пронајдена во некои јазици, која означува дали предметот на една дел-реченица е ист со предметот на претходната дел-реченица. Во некои јазици, ова е направено преку истите определувачи на подметот и различните определувачи на подметот. Во преведениот пример „Џон го удри Том и замина –[истиот подмет]“, Џон е оној кој заминал, а во „Џон го удри Том и замина –[различен подмет]“, Том е оној кој заминал.

Социјални

Социјалните деикси се однесуваат на социјалните информации кои се вклучени во изразот, како што се семејниот социјален статус. Двете најголеми форми од нив се наречени Т-В разлики и почесни зборови.

Т-В разлики

Т-В разликите, именувани по латинските зборови “tu” и “vos” (неформални и формални верзии на „ти“), го означуваат името дадено на појавата кога јазикот има две различни форми за заменките во второ лице. Упоребата на овие заменки ја означува формалноста, интимноста и/или поврзаноста помеѓу оние кои комуницираат. Така на пример, Т-формата може да биде употребена кога зборуваме со пријател или некој кој е со еднаков социјален статус, додека В-формата ќе се примени при зборување со непознат или некој кој е на повисоко социјално ниво од нас. Оваа појава е честа во европските јазици.

Почесни зборови

Почесните зборови се многу посложена форма на социјални деикси отколку Т-В разликите, сепак, тие појаснуваат слични видови на социјални информации. Тие можат да вклучат зборови кои се означени со разни морфеми, како и речиси целосно различни лексикони кои се применети врз основа на социјалниот статус на оние кои комуницираат. Овој вид на социјални деикси е застапен во многу јазици, но најчесто го има во Јужна и Источна Азија.

Анафоричен знак

Општо земено, анафората се однесува на начинот на кој зборот е поврзан со останатиот текст: • Егзофоричниот знак се однесува на јазикот надвор од текстот во кој знакот е застапен. o Хомофоричниот знак е заедничка фраза која добива одредено значење преку познавање на неговиот контекст. На пример, значењето на зборот „кралица“ потекнува од земјата во која се користи овој збор. Бидејќи има многу кралици во светот, локацијата на оној кој зборува ги дава дополнителните информации што ќе ја идентификуваат одредената кралица. • Ендофоричниот знак се однесува на дел од текстот во кој знакот е застапен. o Анафоричниот знак, наспроти катафората, се однесува на нешто во текстот кое претходно било идентификувано. На пример, во „Сузан ја испушти чинијата. Таа се распарчи гласно“ зборот „таа“ се однесува на фразата „чинијата“. o Катафоричниот знак се однесува на дел од текстот кој претходно не бил идентификуван. На пример, во „Нему му беше ладно. Дејвид брзо го облече палтото“ идентитетот на „нему“ е непознат сè до обраќање на личноста со „Дејвид“.

Деиктички центар

Деиктички центар, понекогаш нарекуван и ориго, е група на теоретски особини на кои деиктичкиот израз се заснова, така што значењето на изразот води до важната особина. Бидејќи деиктичките изрази често се егоцентрични, центарот најчесто се состои од оној кој зборува во времето и на местото на кажаното, како и местото во дискурсот и значајните социјални фактори. Како и да е, деиктичките изрази можат да се применат и на начин на кој деиктичкиот центар ќе биде пренесен на други учесници во комуникацијата или на други личности / места / итн. опишани во текстот. Така на пример, во реченицата

Јас стојам овде сега.

Деиктички центар е едноставно личноста во времето и местото на зборување. Но, да претпоставиме дека двајца разговараат на телефон на оддалечени локации, од Лондон и Њујорк. Оној од Лондон може да каже:

Ќе одиме во Њујорк следната седмица.

каде деиктичкиот центар е во Лондон, или пак тие и двајцата можат да кажат

Ние ќе дојдеме во Њујорк следната седмица.

каде деиктичкиот центар е во Њујорк. Слично на тоа, кога кажуваме приказна за некого, можно е деиктичкиот центар да им се промени. Така во реченицата:

Тогаш тој истрча дваесет стапки налево.

се подразбира дека деиктичкиот центар е во личноста за која се зборува, па така „налево“ не се однесува на левата страна од оној кој зборува, туку налево од предметот од приказната, а тоа е личноста означена со „тој“ во времето пред да ги истрча дваесетте стапки.

Примена на деикси

Треба да се направи разлика помеѓу две примени на деиксите: гестикулативна и симболичка, како и недеиктичка примена на чести деиктички зборови. Гестикулативната деикса, општо земено, се однесува на деиктички изрази чие разбирање бара некој вид на аудио-визуелна информација. Едноставен пример е посочување предмет со „ова“ или „тоа“. Во секој случај, категоријата вклучува и други видови информации освен посочувањето, како што се насока на гледање, тон на гласот, итн. Наспроти тоа, симболичката примена бара само основни податоци за местото и времето на изразот. Така на пример:

       Си го скршив овој прст.

бара можност да се види на кој прст се посочува, каде

Го сакам овој град.

бара податок само за сегашната локација. На сличен начин,

Јас отидов во овој град еднаш...

е недеиктичка примена на „овој“, која не се однесува на нешто посебно, туку е употребена како неопределен член, на ист начин на кој „а“ може да се употреби.

Деикса и индексикалност

Термините деикса и индексикалност често се применуваат како меѓусебно менливи, и двата се занимаваат со иста идеја: знаци зависни еден од друг во контекстот. Сепак, и двата термина имаат различна историја и традиција. Во минатото, деиксата се однесувала само на просторот и времето, додека индексикалноста се применувала пошироко. Уште поважно, секој е поврзан со различно научно поле; деиксата е поврзана со лингвистиката, додека индексикалноста е поврзана со филозофијата.