Девојчинска кула
Девојчинска кула | |
---|---|
Сцена од првото поставување на балетот, 1940 година. | |
Композитор | Афрасијаб Бадалбејли |
Либрето | Афрасијаб Бадалбејли |
Датум на премиера | 18 април 1940 |
Место на премиера | Азербејџански државен академски театар за опера и балет, Баку |
Девојчинска кула е првиот балет на Азербејџан и и првиот балет на муслиманскиот исток[1]. Се состои од три дела со пролог и епилог. Афрасијаб Бадалбејли е автор на музиката и либретото. Премиерата била одржана на 18 април 1940 година во Азербејџанскиот државен академски театар за опера и балет . Новата верзија на балетот била претставена на 24 октомври 1999 година. Јулана Аликишиде била автор на новата верзија. Мадина Алиева и Гулагаши Мирзојев биле главните балетски изведувачи[2].
Композиторот го компонирал балетот под влијание на фолклорните дела. Тој вовел оригинална азербејџанска мелодија во балетот – како на пример лирскатата песна „Ај, бери бах“ („Танц на девојчињата“ од првиот чин), мелодиите „Терекаме“, „Кикиџан“ (танцот на селаните од првиот чин). Тој користел и ерменски, узбекистански, ирански мелодии[3].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Бадалбейли. Балет «Девичья башня»“. Архивирано од изворникот на 2020-06-23. Посетено на 2020-04-10.
- ↑ Балет Девичья башня
- ↑ Балет «Девичья башня»: органический синтез