Девојките само сакаат да се забавуваат (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Девојките само сакаат да се забавуваат (1985) е еден од многу филмови со танцување кои преплавија во 1980-тите години, како резултат на успехот на Флешденс (Flashdance) и Footloose.

Во филмот глумат Сара Џесика Паркер и Хелен Хант, а улога, од денес попознатите, има и Шенон Доерти.

Истоимената песна на Синди Лопер не е употребена во овој филм. Наместо неа, има неубедлива преработка на песната испеана од непознатите Дебора Гали, Тами Холбрук и Мередит Маршал.

Заплет[уреди | уреди извор]

Џејни Глен (Сара Џесика Паркер) се доселува во градот и набрзо се среќава со Лин (Хелен Хант), која исто како Џејни е заинтересирана за танцување, а посебно за "Dance TV". Кога ќе биде објавен конкурс за пронаоѓање на пар танцувачи за Dance TV, Џејни и Лин одлучуваат да одат на аудиција. Единствениот проблем е што конзервативниот татко на Џејни не ја одобрува аудицијата.