Движењето на Божицата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Една верзија на Спиралната божица симбол на современото неопаганство

Движењето на Божицата е тренд на верски или духовни верувања или практики кои се појавиле од вториот бран на феминизмот, претежно во Северна Америка, Западна Европа, Австралија и Нов Зеланд во 1970-тите. Поттикнати од векови машко-доминирана организирана религија (или врховен бог со машки заменки, односно "тој"), некои жени ја прифатиле идејата за женско божество, која била повеќе во согласност со феминистичките убедувања и својствените вредности на жените. Обединувачка тема на движењето е дека полот на божеството ја карактеризира политичката полова пристрасност на религијата, и ги сметале религиите кои обожавале Божица за матријархални и религиите кои обожавале Бог за патријархални.

Верувањата за Божицата можат да преземам многу форми; некои луѓе во Движењето на Божицата признаваат повеќе божици. Некои, исто така, вклучуваат богови. Додека други ја почитуваат "Божицата", што не е нужно гледано како монотеистички, но често се толкува како инклузивно, опфаќајќи многу божици во многу различни култури. Терминот "Божицата", исто така, овозможува многу начини на гледање на божеството олицетворено како жена, или како метафора, или како процес.[1][2]

Слично[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Christ, Carol P. Rebirth of the Goddess, Addison-Wesley, 1997
  2. Christ, Carol P. She Who Changes, Palgrave MacMillan, 2003