Дијанска Вика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Симболот на Божицата со Пентаграмот.
Дијана (и нејзиниот претходник, грчката божица Артемида) како заштитник на жените и дивата природа.[1]

Дијанска Вика или Дијанизам е традиција на неопаганистичката религија Вика. Таа е основана од страна на Зузана Будапест во САД во 1970-тите. Таа е позната по своите обожувања на единствена Божица и се фокусира на егалитарниот, матријархален феминизам. Дијанизмот е именуван по римската божица Дијана, но Дијанистите ја боготворуваат божицата под различни имиња. Дијанизмот комбинира елементи од Британската Традиционална Вика, италијанската фолк-магијата според записот на Чарлс Лиланд во Арадиа, феминистички вредности, народна магија и практики за исцелување кои Будапест ги научила од својата мајка. Дијанизмот најчесто се практикува од жени во ковени.[2]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Tradition of Dianic Wicca
  2. River, Falcon (7 мај 2004). „The Dianic Wiccan Tradition“. The Witches Voice. http://www.witchvox.com/va/dt_va.html?a=uswi&c=trads&id=8451. конс. 23 мај 2007 г.