Прејди на содржината

Две ноќи во еден ден

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Две ноќи во еден ден“ (српскохрватски: Две ноћи у једном дану) — филм на режисерот Раденко Остојиќ од 1963 година. Главните улоги ги играат: Борис Тешија, Шпела Розин, Јелена Жигон и Јован Јаниќијевиќ Бурдуш.[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Слушајќи ја приказната на партизанот Јован, кој му е предаден за стрелање зашто не ја извршил задачата, командантот Павле се присетува на својата љубов кон болничарката Јелена и на својата врска што завршила трагично поради војната. Жената поради која Јован не ја извршил задачата, исто така, се викала Јелена, па свесен дека војната не смее да ја уништи љубовта, Павле го пушта Јован да си оди.