Прејди на содржината

Данок на имот

Од Википедија — слободната енциклопедија

Данокот на имот е јавна давачка (данок), која се плаќа за недвижен имот од страна на правни и на физички лица што се сопственици или корисници на недвижниот имот, освен за оној имот што е со закон ослободен од плаќање.

Данокот на имот во Македонија

[уреди | уреди извор]

Во согласност со членот 1 од Законот за даноците на имот, во Македонија постојат три вида даноци на имот:

Вид на данок на имот Даночна стапка Забелешка
Данок на имот 0,1% - 0,2% Висината на стапката ја утврдува Советот на општината
Данок на наследство и подарок 0% (прв наследен ред); 2% - 3% (втор наследен ред); 4% - 5% (трет наследен ред или не е во сродство со оставителот)
Данок на промет на недвижност 2% - 4% Висината на стапката ја утврдува Советот на општината

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]