Даниел Иструмица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден ?
Струмица, Отоманска империја
Починал 1654
Солун, Отоманска империја
Занимање рабин


Даниел Иструмица (Струмица, ? – Солун, 1654) бил еврејски рабин, родум од Струмица.[1] Долги години бил на чело на Солунската рабинска академија, која се наоѓала во рамките на Португалската синагога.[2] Напишал повеќе Проповеди и Одговори, а заедно со уште четворица рабини, автор е и на еден колективен труд од областа на еврејското право, издаден во Солун во 1655 година. Неговиот внук постхумно ги објавил неговите Одговори под наслов „Maguen guiborin“ во Солун во 1754 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Балабанов, Коста (1998) (на македонски). Историја на македонскиот народ. Скопје: Институт за национална историја. стр. 468. ISBN 9989624437. 
  2. Јанев, Владимир (2006) (на македонски). Евреите во Македонија XV-XVII век. BIGOSS. стр. 188. ISBN 9989441294. 
  3. Еврейски извори за обществено-икономическото развитие на балканските земи през XVII век, II, София, 1960, стр. 271.