Дангалеатски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дангалеатски јазик
Daŋla
Застапен воЧад
Подрачјецентрален
Говорници60,000  (2005)e18
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3daa

Дангалеатскиот е афроазиски јазик, дел од групата на чадски јазици од подгрупата на источночадски јазици.

Преглед[уреди | уреди извор]

Јазикот го зборуваат околу 60.000 луѓе според податоците од 2005 година. Бројот на говорници на јазикот е во пораст. Јазикот се зборува во регионите Гера и Бата во Чад. Јазикот е составен од три дијалекти, западен, источен и централен. Народот исто така зборува и на арапски јазик. Дангалеатскиот се користи во основните училишта, има објавено литература и речници на дангалеатскиот. Сепак, писменоста на јазикот е до 5%. Јазикот се пишува на латиница.[1]

Фонологија[уреди | уреди извор]

Согласки

уснени алвеоларни непчени меконепчени
безвучни експлозивни p t c k
звучни експлозивни b d ɟ g
имплозивни ɓ ɗ ʄ
безвучни фрикати s
звучни фрикати z
носни m n ɲ ŋ
апроксимантни w j
странични l
вевни r / ɾ

Самогласки

i / ii u / uu
e / ee o / oo
ɛ / ɛɛ ɔ / ɔɔ
a / aa

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Дангалеатски јазик на „Етнолог“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]