Далечинец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Далечинец за телевизор
Стандарден симбол за далечинец

Далечинец или далечински управувач – електронски уред за куќни системи како телевизор, плеер, и др. кој се користи за безжично управување на кратки растојанија. Далечинецот постепено напредувал и последниве години ги подразбира и блутутот, сетилникот на движење и гласовната контрола.[1] [2]

Најзначајната технологија која се користи кај куќните далечинци е инфрацрвеното светло. Сигналите меѓу далечинецот и уредот кој се управува се импулси на инфрацрвено светло кое е невидливо за човечкото око.


Историја[уреди | уреди извор]

Најраниот пример за далечинец преку радиобранови го развил Никола Тесла во 1898 година, а патентиран е во САД под името „Метод на апарат за контролен механизам за движење на едно или повеќе возила“ (англ. Method of an Apparatus for Controlling Mechanism of Moving Vehicle or Vehicles). Јавната демонстрација на брод контролиран преку радиобранови била извршена во 1898 година на Медисон сквер гарден, а Тесла бродот го нарекол телеатономан.[3]

Леонардо Торес Куеведо во 1903 година го претставил Телекино во париската академија со експериментална демонстрација. Во исто време одобрен му е патентот во Франција, Шпанија, Велика Британија и САД. Телекино се состои од робот кој извршувал команди пренесени со електромагнетни бранови. Со Телекино Торес ги утврдил основните принципи на модерните безжични операции[4], и бил пионир во областа на далечинското управување. Во 1906 година, во присуство на кралот, Торес во Билбао успешно демонстрирал брод воден од копно. Подоцна се обидувал да го примени Телекино на проектили и торпеда, но проектот бил запрен заради недостаток на средства.

Првиот далечински управуван авион полетал во 1932 година, а на таа технологија интензивно се работело во текот на Втората светска војна, и еден од резултатите била германската ракета Васерфал.

До крајот на триесеттите година на дваесеттиот век, неколку производители на радија понудиле далечинци како додатоци за своите модели.[5] Главно се работело за далечинци со жици, а компанијата Филко мистери контрол (1939) го направила првиот нискофреквенциски радиопримопредавател кој работел на батерии[6], со што тој станал првиот безжичен далечинец кај електричните уреди наменети за широка потрошувачка.


Телевизиски далечинец[уреди | уреди извор]

Далечинци за телевизори, ВХС и ДВД уреди

Првиот далечинец за контрола на телевизор го развила корпорацијата Зенит радио во 1950 година. Далечинецот бил поврзан со жица со телевизорот. Безжичен далечинец е развиен во 1955 година. Работел на принципот на зрачење на светлосен сноп од фотоелектрична ќелија, но работата била доста отежната бидејќи секоја појака светлост од друг извор можела да ги активира командите на телевизорот.[7]

Роберт Адлер во 1956 година го развил Зенитовиот спејс команд - безжичен далечинец. [8]Тоа бил механички уред кој користел ултразвук за промена на каналот и јачината на тонот.


Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]