Грофот Монтекристо (расказ)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Грофот Монтекристо“ е расказ од италијанскиот писател Итало Калвино. Расказот е објавен на македонски јазик во 2011 година, од издавачката куќа „Темплум“, како дел од збирката „Пат околу светот во 20 раскази“. Преводот на македонски јазик го извршила Анастасија Ѓурчинова.

Содржина[уреди | уреди извор]

Грофот Монтекристо е повеќеслоен расказ, во кој се опишува и создавањето на истоимениот роман на Александар Дима. Едмонд Дантес е со години затворен во замокот Иф и во својата глава се обидува да си го опише системот на простории и ходници, со цел да излезе надвор. Истовремено, отецот Фарија безуспешно копа тунели низ замокот, постојано враќајќи се на истото место. На крајот, Дантес размислува за суштината на тврдината, за нејзината врска со надворешниот свет, за односот на она што е внатре со она што е надвор, за минатото и иднината итн. Во таа заплетканост на нештата, скиците кои ги цртаат Дантес и отецот Фарија стануваат скици кои писателот Дима ги прави за својот роман „Монтекристо“, а затворениците стануваат ликови во тој роман.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 54-72.