Прејди на содржината

Грегорија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грегорија
Византиска царица
Роден(а)7 век
Починал(а)7 век
СопружникКонстантин III Ираклиј
Деца
Полно име
Грегорија
ДинастијаИраклиева династија
ТаткоНикита

Грегорија била византиска царица, сопруга на царот Константин III Ираклиј.

Семејство

[уреди | уреди извор]

Грегорија била ќерка на Никита, прв братучед на царот Ираклиј I. Никита зел учество во бунтот на Ираклиј против царот Фока. Таткото на Грегорија бил на чело на војниците кои во 608 година започнале инвазија во Египет, борејќи се против силите на Фока во оваа провинција. Никита воспоставил контрола над Египет во 610 година[1].

На 5 октомври 610 година Фока бил соборен од власт и погубен, а на престолот се качил Ираклиј. По зазимањето на престолот, Ираклиј му ја дал на Никита титулата патрициј и го назначил за командант на својата гарда. Освен тоа таткото на Никита ја задржал контролата над Египет до 618 година, кога покраината била освоена од Персија на чело со Хосрој II. По поразот во Египет, Никита станал егзарх на Африка, позиција која останал до својата смрт во 628-629 година[1].

Грегорија била свршена за цар Константин III Ираклиј, единствен син на царот Ираклиј и неговата сопруга Фабија Евдокија. Константин бил соцар на својот татко од 22 јануари 613 година.

Бракот меѓу Грегорија и Константин III бил склучен околу 629-630 година. Во тоа време младоженецот имал седумнаесет години. Веројатно Грегорија била на речиси иста возраст. За свадбата таа пристигнала во Цариград од Западен Пентаполис во провинцијата Киренајка, територии кои биле под контрола на нејзиниот татко. По брачната церемонија таа станала мала царицата, втора во хиерархијата по царицата Мартина (втората сопруга на Ираклиј).

Цар Ираклиј починал на 11 февруари 641 година, а престолот бил наследен од Константин III, кој владеел како виш цар заедно со полубратот Ираклион. Константин III сепак починал од туберкулоза помеѓу април и мај истата година. Во септември Ираклион бил соборен од власт и бил заменет од синот на Грегорија, Констанс II Ираклиј. Не е познато сепак каква улога извршила таа за време на владеењето на нејзиниот син<[2].

Грегорија и Константин III имале три деца:

  • ќерка, мажена за персиски шах[3]
  • Констанс II Ираклиј
  • Теодосиј - погубен по наредба на својот брат во 659/653 година
  1. 1,0 1,1 Walter Emil Kaegi, Heraclius, Emperor of Byzantium (2003)
  2. Lynda Garland, "Gregoria, Wife of Heraclius Constantine
  3. "Manyanh Princess of Byzantium"

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Претходник
Мартина
Византиска царица
641
Наследник
Фауста