Градски стадион Кавадарци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Градски стадион Кавадарци
Место Кавадарци, Македонија
Отворен 19 март 1950
Реновиран 2020-
Проширен 1980
Сопственик Општина Кавадарци
Подлога Трева
Игра Тиквеш 1930 Кавадарци
Гледачи 4.000

Градскиот стадион Кавадарци - фудбалски стадион со сместивост од околу 4.000 гледачи. Со него стопанисува Општина Кавадарци, а главен корисник е ФК Тиквеш 1930 Кавадарци.

Историја[уреди | уреди извор]

Стадионот бил започнат со изградба во доцните 40-ти на 20-от век. Првиот натпревар на стадионот бил одигран на 19 март 1950, помеѓу Тиквеш и словенечки Трбовље, како бараж натпревар за влез во Третата југословенска лига. Резултатот завршил со 1:4 за фудбалерите на Трбовље.[1]

Стадионот бил прв домаќин на Фудбалската репрезентација на Македонија под 21 година. Тогаш, на 31 мај 1994 година, Македонија ја победила репрезентацијата на Естонија под 21 година со резултат 7:0.[2] Стадионот исто така бил домаќин во финалето во Купот на Македонија 1996/97, помеѓу екипите на Слога Југомагнат и Силекс. Натпреварот гласел 4:1 за Слога Југомагнат.[3]

Во јануари 2020 година, започнало подновувањето на играчкиот терен на стадионот.[4] Во септември истата година била започната целосна реконструкција на источната и јужната трибина.[5][6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Каровски, Илија (1996), „ФК Тиквеш 1930-1995“, стр. 33, 163
  2. „Macedonia U-21 v Estonia U-21“. 11v11.com. Посетено на 29 септември 2019.
  3. „Macedonia 1996/97 League Table and Cup Final“. rsssf.com. Посетено на 29 септември 2019.
  4. „Се подготвува подлогата за нова трева на Градскиот стадион“. Општина Кавадарци преку web.archive.org. 31 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-27. Посетено на 27 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „ФФМ: Стадионот во Кавадарци наскоро со нов лик“. ekipa.mk преку web.archive.org. 11 септември 2020. Архивирано од изворникот на 2020-09-25. Посетено на 25 септември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  6. Зоран Мишевски (11 септември 2020). „Делегирање 5. коло“. gol.mk преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2020-09-25. Посетено на 25 септември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]