Градски парк (Гостивар)
Градски парк | |
---|---|
![]() Паркот кој е на двете страни на Вардар | |
![]() | |
Вид | Градски парк |
Место | Гостивар, Македонија |
Координати | 41°47′30″N 20°54′00″E / 41.79167° СГШ; 20.90000° ИГДКоординати: 41°47′30″N 20°54′00″E / 41.79167° СГШ; 20.90000° ИГД |
Површина | 6.684 хектари |
Градски парк — јавен парк во Гостивар кој воедно е и најголемиот парк во градот. Паркот има површина од околу 66,840 м2, од кои околу 23,700 м2 се на левиот брег на Вардар, а околу 43,140 м2 се на левиот брег.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Градскиот парк се наоѓа во средиштето на Гостивар. Источно од северниот дел на паркот е Спортската сала Младост, додека на северозапад е Градската болница. На запад се наоѓа Градскиот стадион. Јужно од паркот се училиштата СОУ „Гостивар“ и СОМУ „Гостивар“. На југоисток се наоѓа Апелациониот суд.
Особености[уреди | уреди извор]
На двете страни на Вардар се наоѓа кејот. Двете страни на паркот се поврзани со мост преку реката. На десната страна на Вардар се наоѓа амфитеатар.