Градски Парк (Будимпешта)


Градскиот парк (унгарски: Városliget) е јавен парк близу центарот на Будимпешта, Унгарија. Тој има правоаголна површина со димензии од 1,400м должина и 970м ширина површина од 1.22 км2 , сместен во Округ XIV на Будимпешта, помеѓу Обиколница Унгарија, Ајтоши Дурер Шор, Вагани улица и Ѓерѓ и улица Ѓерѓ Дожа. Главниот влез на паркот се наоѓа на плоштадот „Херои“, едно од местата за светското наследство на Унгарија.
![]() |
|
Име
[уреди | уреди извор]Областа порано се нарекувала Окор-диле, што значи „Ливада за волови“. Првпат името било спомнато во 1241 година во архаична форма, Укурфалд. Во 18 век, областа била наречена Охсенрит на германски јазик. Околу 1800-тата година официјалното име било преименувано во Баќањ-ерде (Шума Батани) во чест на неговите купувачи - Баќањ фамилијата. Првите дрвја и асфалтирани патчиња биле направени во 1751 година, а потоа градскиот парк бил создаден во првите децении на XIX век со сегашното име, Варослигет (или неговото германско име Stadtwäldchen) било прифатено и станал еден од првите јавни паркови во светот.
Историја
[уреди | уреди извор]Градскиот парк бил главното место на милениумските прослави на Унгарија од 1896 година, низ чие време беа изградени Авенија Андраши, Милениум Подземје и Големиот Булевар.
Спорт
[уреди | уреди извор]Паркот бил домаќин на моторспортски настани во 1950-тите.
Главни глетки
[уреди | уреди извор]Градскиот парк ги вклучува следниве знаменитости:[1]
- Замокот Вајдахуњад, отворен во 1896 година
- Термо бања Сечењи
- Зоолошката градина во Будимпешта, вклучувајќи ја и куќата на слоновите
- Општински циркус, отворен во 1891 година
- Ресторан Гундел, отворен во 1894 година
- Циркусот во Будимпешта [2][3][4]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Народен парк (Неплиџет)
- Остров Маргит ( Маргитџит )
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „City Park“. Budapest.com. Архивирано од изворникот на 2018-07-07. Посетено на 27 March 2016.
- ↑ „Budapest Circus“. Youtube. Посетено на 4 October 2016.
- ↑ Youtube, Budapest Circus Lion Act
- ↑ „budapestagent.com, Budapest Circus“. Архивирано од изворникот на 2018-09-13. Посетено на 2020-03-06.