Зоолошка и ботаничка градина (Будимпешта)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зоолошка и ботаничка градина (Будимпешта)
МестоBudapest, Hungary
Мреж. местоzoobudapest.com/english

Зоолошката и ботаничка градина во Будимпешта е најстариот зоолошки парк во Унгарија и еден од најстарите во светот.

Има 1.072 видови на животни и се наоѓа во паркот Варошлигет, невообичаено за зоолошка градина е тоа што е во центарот на градот.

Зоолошката првпат се отвори на 9 август 1866 година. Паркот има просечно милион посетители секоја година. Областа е природен резерват и има скапоцени арт нуво згради кои биле дизајнирани од Корнел Нојшлос и Кароли Кош. Најважните животни кои се присутни во зоолошката се комодскиот варан и матката од 2011 г.

Зоолошката градина се наоѓа во центарот на градот и може да се стигне со линија 1 од метрото во Будимпешта.

Сопствениците на официјални градски картички добиваат попуст од 25% за единечен билет во зоолошката.

Историја[уреди | уреди извор]

Зоолошката и ботаничката градина во Будимпешта е една од најстарите во светот. Идејата за фондацијата датира од 1820-30-тите години, но таа се отвори само на 9 август 1866 година. Тоа беше иницијатива на група патриоти, меѓу кои се и Агостон Кубињи, геологот Јожеф Сабо, Јожеф Герендај и Јанош Ксантус.

На времето, зоолошката најглавно прикажуваше унгарски видови животни и некои ретки видови мајмуни, папагали, камили и кенгури. Франц Јозеф и кралицата Елизабета имале донирано жирафа и некои други животни во зоолошката. Првата куќа со лавови била отворена во 1876 година со лавови и тигри. Подоцна се придружија слон, нилски коњ и носорог.

Сепак, почетниот ентузијазам се намали и популарноста на зоолошката се намали. Новите животни беа скапи, а трошоците на компанијата основана од патриотите ги надмина приходите. Менаџментот ангажираше забавувачи и комичари, а корпорацијата се претвори во компанија за натурализација на животни и растенија.

Во 1873 година, Короли Шерак бил избран за директор на зоолошката градина. Тој останал директор за повеќе од 30 години и успеа да ја одржи зоолошката. Тој ангажирал неколку уметници забавувачи за да ги привле луѓето. Приходите се зголемиле и зоолошката била во можност да купи неколку специјални или ретки животни, како нилски коњ и суматрански носорог. Зоолошката опфати околу 2.000 видови на животни. Сепак, со оглед на тоа што властите ја зголемија цената за изнајмување и се влоши финансиската состојба на зоолошката. Компанијата банкротираше во 1896 година.

Куќа за слонови, во зоолошката во Будимпешта

Во 1907 година зоолошката градина била продадена на аукција и ја презеде главниот град Будимпешта. Таа била поддршка од градоначалникот на Будимпешта, Иштван Барци и неговата програма за развој на градот, целосна реконструкција на зоолошката била направена помеѓу 1909 и 1912 година. Зоолошката градина била повторно отворена на 20 мај 1912 година. Забавувачите биле разделени од зоолошката и се додало ботаничка градина. Адолф Лендл, зоолог, бил мандатиран од директор на зоолошка. Институцијата била една од најмодерните зоолошки во Европа.

Развојот бил прекинат со Првата светска војна. Зоолошката градина била скоро целосно уништена во Втората светска војна. Во опсадата на Будимпешта зоолошката градина била бомбардирана и повеќето згради и животни биле уништени. По опсадата, преостанатите животни ги изедоа гладните луѓе на Будимпешта. Од 2.000 примероци преживеале само 15.

Во 1945 година, зоолошката градина повторно се отвори со неколку десетици животни. Штетата беше обновена полека. Меѓу 1950 и 1960 г. имало голема модернизација. Од 1956 до 1967 г. новиот директор на зоолошката бил Доктор Чаба Анги. Со негово водство, зоолошката градина повторно станала една од најмодерните зоолошки градини на Европа.

Во 1994 година, Миклош Персањи бил назначен за генерален директор. Историските градби биле реконструирани. Живеалиштата биле модернизирани, проширени и претворени да изгледаат поприродно.

Во 2007 година, првиот носорог што бил роден со вештачко оплодување е роден во зоолошката градина.[1]

Во 2012 година, Генералното собрание на Будимпешта донесе одлука, зоолошката градина ќе ја преземе дел од територијата на забавниот парк и ќе го изгради Пони Парк, парк за семејни игри.[2]

На 14 февруари 2013 година, зоолошката го добила првото бебе слонче од 1961 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Zoo history | Zoo in the heart of Budapest. Zoobudapest.com. Посетено на 27 September 2016.
  2. Budapest site | The Budapest Zoo is expanding. Budapest.hu. Посетено на 27 September 2016.
  3. Elefántbébi Bálint-napra! | Állatkert Budapest szívében. Zoobudapest.com. Посетено на 27 September 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]