Вомбат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вомбат[1]
Wombat at Lone Pine.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Инфракласа: Торбари
Ред: Двозаби торбари
Семејство: Вомбат
Род: Vombatus
Е. Геофроу, 1803
Вид: V. ursinus
Биномен назив
Vombatus ursinus
(Шо, 1800)
Населеност во црвено

Вомбатот е цицач, кој спаѓа во торбари и го сочинуваат два вида. Тие имаат тешка градба, долги се 70-120 см и се без опашка. Новорородечето се развива во торбата на мајката околу 5 месеци. Вомбатите јадат трева, кора од дрвја и корења. Прават гнезда од трева на крајот од долгото дувло. Обичниот вомбат (Vombatus ursinus) од југоисточна Австралија и Тасманија, кој се смета за штетник, има грубо темно крзно и куси нозе. Пореткиот влакнестоносест вомбат (Lasiorhinus barnardi) од Квинсленд има фино крзно и долги уши. Заштитена со закон, оваа популација живее, главно, во национални паркови.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Groves, C. (2005). Wilson, D. E., & Reeder, D. M (уред.). уред. Mammal Species of the World (III издание). Baltimore: Johns Hopkins University Press. стр. 43-44. ISBN 0-801-88221-4. http://www.bucknell.edu/msw3. 
  2. Taggart, D., Martin, R. & Menkhorst, P. (2008). "Vombatus ursinus". Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2008. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 28 December 2008.  (англиски) Database entry includes justification for why this species is of least concern