Госпоѓиците од Авињон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Госпоѓиците од Авињон“
француски: „Les Demoiselles d'Avignon“
Творец Пабло Пикасо
Година 1907
Димензии 243.9 см × 233.7 см
Место Музеј на модерната уметност, Њујорк, САД[1]

Госпоѓиците од Авињон (француски: Les Demoiselles d’Avignon[2]) — слика создадена во 1907 година од шпанскиот уметник Пабло Пикасо. Делото денеска се наоѓа во постојаната колекција на Музејот на модерната уметност во Њујорк, САД. Сликата прикажува пет голи женски проститутки во бордел на Карер д'Авињон во Барселона. Секоја фигура е прикажана на вознемирувачки конфронтирачки начин. Жените се претставени со аголни и неповрзани форми на телото. Три фигури од левата страна покажуваат карактеристики на лицето во ибериски стил, додека двете на десната се прикажани со карактеристики на африканските маски. Расистичкиот примитивизам евоцирал во овие маски, според Пикасо, го поттикнал да „ослободи сосема оригинален уметнички стил на огромна, дури и дивјачка сила[3][4][5].

Во оваа адаптација, Пикасо направил радикално отстапување од традиционалното европско сликарство. Оваа прото-кубистичка работа се смета за плодна во раниот развој на кубизмот и модерната уметност.

Les Demoiselles d’Avignon во времето кога била направена, предизвикала револуционерно и контроверзно мислење и довело до широк распространет гнев и несогласување, дури и меѓу најблиските соработници и пријатели на сликарот.

Во времето на својата прва изложба во 1916 година, сликата се сметала за неморална[6]. Делото, насликано во студиото на Пикасо во Монмартр, Париз, било објавено јавно за прв пат во Салон де Антин во јули 1916 година, на изложбата што ја организирал поетот Андре Салмон. На оваа изложба, Салмон го дал денешниот наслов на сликата, која претходно била позната како „Филозофски бордел“, со цел да се намали нејзиното скандалозно влијание врз јавноста[2][7][8][9]. Пикасо, кој секогаш ја нарекувал „мон бордел“, никогаш не ја засакал титулата на Салмон.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Steinberg, L., The Philosophical Brothel. October, no. 44, Spring 1988. 7–74. First published in Art News vol. LXXI, September/October 1972
  2. 2,0 2,1 Richardson 1991, 19
  3. Sam Hunter and John Jacobus, Modern Art, Prentice-Hall, New York, 1977, pp. 135–136
  4. Gina M. Rossetti, Imagining the Primitive in Naturalist and Modernist Literature, University of Missouri Press, 2006
  5. Weschler, Lawrence (на en). "Destroy this mad brute": The African root of World War I. ISBN 9781632867186. http://lawrenceweschler.com/library/article/destroy-this-mad-brute-the-african-roots-of-world-war-i. 
  6. Picasso's Les Demoiselles d'Avignon, edited by Christopher Green, Courtauld Institute of Art, University of London, Cambridge University Press, 2001
  7. John Golding, Visions of the Modern, University of California Press, 1994,
  8. The Private Life of a Masterpiece. BBC Series 3, Episode 9. 17, 18
  9. Archives de France, Les Demoiselles d'Avignon, Pablo Picasso, 2007 (French)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]