Голем Канарски телескоп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Голем Канарски телескоп
GranTeCan Mosaic.jpg
Големиот Канарски телескоп во 2008
Организација Канарски институт за астрофизика
Универзитет на Флорида
Национален автономен универзитет на Мексико
Место Опсерваторија Роке де лос Мучачос, Палма, Шпанија
Надм. висина 2.267 м[1] + столб во висина од 8 м
Изграден 2002–2008
Прва светлина 13 јули 2007
Вид одвоен Ричи-Кретјенов телескоп[2]
Пречник effective = 10,4 m, maximum= 11,386.9 mm (448.30 in)[2]
Собирна површина 78,54 м2(ефективно 74,14 м2)[2]
Жаришно растојание 169,9 м[2]
Држач алтазимут
Мреж. место http://www.gtc.iac.es/
Commons page Содржини на Ризницата

Голем Канарски телескоп (GranTeCan или GTC) — рефлекторски телескоп со ефективен пречник од 10,4 m кој се наоѓа во Опсерваторијата Роке де лос Мучачос на островот Палма, на Канарските Острови во Шпанија.

Изградбата на телескопот, сместен на вулкански врв на надморска висина од 2,267 metres (7,438 ft), траела седум години и чинела 130 милиони евра (112 милиони фунти). Неговото поставување било попречено од временските услови и логистичите потешкотии за превезување на опремата на толку оддалечено место.[3] Првата светлост била постигната во 2007 години, додека научните набљудувања започнале во 2009 година.

Проектот GTC претставува партнерство образувано од неколку установи од Шпанија, САД и Мексико, и тоа: Канарскиот институт за астрофизика, Универзитетот на Флорида и Националниот автономен универзитет на Мексико.[4] Планирањето за изградбата на телескопот, коешто започнало во 1987 година, вклучило повеќе од 1000 лица од 100 претпријатија.

Од 2015 година, телескопот е најголем рефлекторски телескоп во светот.[5] Распределбата на достапното време за употреба на телескопот соодветствува на учеството на влоговите на трите земји во партнерството, односно: Шпанија (90%), и САД и Мексико (по 5%).

Историја[уреди | уреди извор]

Кполата на GTC на зајдисонце

Прва светлост[уреди | уреди извор]

GTC започнал со своите првични набљудувања на 13 јули 2007 година, со употреба на 12 отсечоци од своето главно огледало изработено од стаклена керамика од марката Зеродур на германското претпријатие Шот. Подоцна, бројот на употребени отсечоци се зголемил на вкупно 36 шестоаголни отсечоци целосно контролирани со контролен систем на активна оптика којшто работел заедно со рефлекторска единица.[3] Првобитниот инструмент на телескопот бил OSIRIS. Редовните набљудувања започнале во мај 2009 година.[6]

Свечена церемонија на воведување[уреди | уреди извор]

Капаците на Големиот Канарски телескоп биле формално отворени на 24 јули 2009 година и биле свечено воведени во употреба од страна на шпанскиот крал Хуан Карлос I.[7] Повеќе од 500 астрономи, владини претставници и новинари од Европа и Америка присуствувале на церемонијата.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rodríguez Espinosa, J. M.; Álvarez, P. (5 февруари 2002 г). The GTC: STatus and Operation Plans. „RevMexAA“ том  16: 1–8. http://www.gtc.iac.es/documentos/pub/dirp/0029b1aa.pdf. конс. 24 јули 2009 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Jochum, Lotti; Castro, Javier; Devaney, Nicholas (27 февруари 2009). „Gran Telescopio CANARIAS : current status of its optical design and opto-mechanical support system“. архивирано од оригиналот на 16 август 2009. http://web.archive.org/web/20090816062017/http://www.gtc.iac.es:80/documentos/gen/dirp/0018g1aa.pdf. конс. 24 јули 2009 г. 
  3. 3,0 3,1 Tests begin on Canaries telescope“, BBC, 14 јули 2007.
  4. GTC faq, GTC digital, 8 January 2009.
  5. Klotz, Irene. „New telescope is world’s largest ... for now“, 24 јули 2009.
  6. El Gran Telescopio CANARIAS comienza a producir sus primeros datos científicos IAC Press release June 16, 2009 (Spanish)
  7. Moreno, Carlos (24 July 2009). "Huge telescope opens in Spain's Canary Islands". The Associated Press.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]