Прејди на содржината

Голем канарски телескоп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Голем канарски телескоп
Големиот канарски телескоп во 2008
ОрганизацијаКанарски институт за астрофизика
Универзитет на Флорида
Национален автономен универзитет на Мексико
МестоОпсерваторија Роке де лос Мучачос, Палма, Шпанија
Надм. висина2.267 м[1] + столб во висина од 8 м
Изграден2002–2008
Прва светлина13 јули 2007
Видодвоен Ричи-Кретјенов телескоп[2]
Пречникeffective = 10,4 м, maximum= 11,386.9 mм (448.30 ин)[2]
Собирна површина78,54 м2(делотворно 74,14 м2)[2]
Жаришно растојание169,9 м[2]
Држачалтазимут
Мреж. местоhttp://www.gtc.iac.es/
Страница на Ризницата Содржини на Ризницата

Голем канарски телескоп (шпански: Gran Telescopio Canarias, GranTeCan или GTC) — рефлекторски телескоп со делотворен пречник од 10,4 м кој се наоѓа во Опсерваторијата Роке де лос Мучачос на островот Палма, на Канарските Острови во Шпанија.

Изградбата на телескопот, сместен на вулкански врв на надморска висина од 2,267 метарs (7,438 ст), траела седум години и чинела 130 милиони евра (112 милиони фунти). Неговото поставување било попречено од временските услови и логистичите потешкотии за превезување на опремата на толку оддалечено место.[3] Првата светлост била постигната во 2007 години, додека научните набљудувања започнале во 2009 година.

Проектот GTC претставува партнерство образувано од неколку установи од Шпанија, САД и Мексико, и тоа: Канарскиот институт за астрофизика, Универзитетот на Флорида и Националниот автономен универзитет на Мексико.[4] Планирањето за изградбата на телескопот, коешто започнало во 1987 година, вклучило повеќе од 1000 лица од 100 претпријатија.

Од 2015 година, телескопот е најголем рефлекторски телескоп во светот.[5] Распределбата на достапното време за употреба на телескопот соодветствува на учеството на влоговите на трите земји во партнерството, односно: Шпанија (90%), и САД и Мексико (по 5%).

Историја

[уреди | уреди извор]
Кполата на GTC на зајдисонце

Прва светлост

[уреди | уреди извор]

GTC започнал со своите првични набљудувања на 13 јули 2007 година, со употреба на 12 отсечоци од своето главно огледало изработено од стаклена керамика од марката Зеродур на германското претпријатие Шот. Подоцна, бројот на употребени отсечоци се зголемил на вкупно 36 шестаголни отсечоци целосно контролирани со контролен систем на активна оптика којшто работел заедно со рефлекторска единица.[3] Првобитниот инструмент на телескопот бил OSIRIS. Редовните набљудувања започнале во мај 2009 година.[6]

Свечена церемонија на воведување

[уреди | уреди извор]

Капаците на Големиот канарски телескоп биле формално отворени на 24 јули 2009 година и биле свечено воведени во употреба од страна на шпанскиот крал Хуан Карлос I.[7] Повеќе од 500 астрономи, владини претставници и новинари од Европа и Америка присуствувале на церемонијата.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Rodríguez Espinosa, J. M.; Álvarez, P. (2002-02-05). „The GTC: STatus and Operation Plans“ (PDF). RevMexAA. 16: 1–8. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-06-21. Посетено на 2009-07-24.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Jochum, Lotti; Castro, Javier; Devaney, Nicholas (2009-02-27). „Gran Telescopio CANARIAS : current status of its optical design and opto-mechanical support system“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-08-16. Посетено на 2009-07-24.
  3. 3,0 3,1 „Tests begin on Canaries telescope“. BBC. 14 July 2007.
  4. GTC faq Архивирано на 23 јули 2011 г., GTC digital, 8 January 2009.
  5. Klotz, Irene (2009-07-24). „New telescope is world's largest ... for now“.
  6. El Gran Telescopio CANARIAS comienza a producir sus primeros datos científicos IAC Press release June 16, 2009 (Spanish)
  7. Moreno, Carlos (24 July 2009). "Huge telescope opens in Spain's Canary Islands". The Associated Press.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]