Големо Ојтинско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Големо Ојтинско Езеро
Eutin - Fasaneninsel - Utin.jpg
Островот на фазаните во Големото Ојтинско Езеро
ПодрачјеХолштајнска Швајцарија
Координати54°08′36″ СГШ; 10°38′14″ ИГД / 54.143333° СГШ; 10.637341° ИГД / 54.143333; 10.637341Координати: 54°08′36″ СГШ; 10°38′14″ ИГД / 54.143333° СГШ; 10.637341° ИГД / 54.143333; 10.637341
Главни приливиШвентине
Главни истециШвентине
Сливни земји Германија
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
2.3 км² км2
Најг. длабочина17 м м
Надм. височина26,7 м м
Острови2
Населени местаОјтин
Поглед на мостот Бебензунд на источниот дел на Фисаускиот Залив со бањските објекти

Големо Ојтинско Езеро (германски: Großer Eutiner See) — езеро во областа Холштајнска Швајцарија, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа североисточно од градот Ојтин.

Зафаќа област од 230 хектари, длабоко е до 17 метри и се наоѓа на височина од 26,7 м. Северната страна директно се граничи со Зешарската Шума. Во западниот дел на езерото, одвоен од мостот Бебензунд, во Фисаускиот Залив, се влива главниот прилив, реката Швентине, која малку позападно истекува. Реката е пловна само за рекреативни активности до Големото Ојтинско Езеро.

Постојат два острови во Големото Ојтинско Езеро: Островот на фазаните (Fasaneninsel) на кој се наоѓаат остатоци на населба и кој се користел за визуелна точка за поранешната барокна градина на Ојтинскиот замок и која денес повторно се користи од приватни лица и т.н. Љубовен остров (Liebesinsel).

На бреговите на Големото Ојтинско Езеро во текот на летниот период се одржуваат мјузикли.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]