Гертруда Бел

Од Википедија — слободната енциклопедија

Гертруда Маргарет Лутијен Бел (англ. Gertrude Bell 14 јули 186812 јули 1926) била англиска писателка, авантуристка, администратор, археолог и шпион. Одиграла главна улога во воспоставување и управување на модерната држава Ирак.

Гертруда Бел

Животопис[уреди | уреди извор]

Гертруда Бел потекнува од семејство на индустријалци. Нејзиниот дедо Лутијан Бел бил успешен претприемач, шеф на фирмата Браќа Бел, а, исто така, и угледен научник. Нејзиниот татко Томас Хаг Бел завршил студии во Франција и Германијаи ја презел компанијата на својот татко. Годината 1867, се оженил со Мери Шелд, која набрзо умрела, после раѓањето на второто дете Маурис. Тогаш Гертруда имала три години. Татко им повторно се оженил во 1876 со писателката Флоренс Олиф која се поврзала со Гертруда и Маурис.

Во 1884 година, Гертруда се запишала на Кралскиот колеџ во Лондон, а подоцна студирала историја на Универзитетот Оксфорд и дипломирала помеѓу најдобрите студенти во 1888 година.

После напуштувањето на Оксфорд во 1892 година, Гертруда го посетила нејзиниот чичко франк Ласцела во Тахеран, во Персија, каде што тој бил британски амбасадор. Во неговата придружба присуствувала на мнофу дипломатски вечери и балови. Своето патување го опишала во книгата Персиски книги , издадена во 1894 година. Течно научила арапски, персиски, француски и германски, а зборувала и италијански и турски. Патувајќи стекнала многу пријатели и познаници од угледни кругови.

Се знаимавала со истражување и картографија на Блискиот Исток и благодарејќи на тоа станал значајна личност во политиката на Британската Империја. Повеќепати патувала по голема Сирија и Мала Алија. Со Томас Лоренс помогнала на Хашимитската династија да се зацврсти на територијата на денешниот Јордан, а тогашен Ирак, користејќи ги своите способности, тогашната ситуација и врската која ја имала со влијателните луѓе на Блискиот Исток.

За време на својот живот била високо почитувана од британските офицери и била многу влијателна жена во тоа време. Била наречена „една од ретките амасадори на Нејзиниот Височество“.

Никогаш не се предавала.

Војна и политичка кариера[уреди | уреди извор]

За време на Првата светска војна, Гертрудината желба за одење на Блискиот Исток бил одлоњен и таа почнала да волонтира во Црвениот Крст во Франција. Добила повик од Британија да ги носи војниците низ пустина. Го прифатила повикот и била единствена жена која имала политичка моќ и впечаток за создавање на Британската Империја на Блискиот Исток во периодот на Првата светска војна, па сè до својата смрт. На експедициите секогаш практикувала да изнајми локални водичи, а со многу од нив се спријателила. Тоа што била жена, и дала на неа посебни можности и нови перспективи, затоа што можела да помине време во одаите со сопругите на разни функционери, па така од оваа позиција подобро ја гледала ситуацијата.

Во ноември 1915 година под вотство на Гилберт Клајтон, отишла во Каиро. Таму повторно го сретнала Томас Лоренс. Под препорака на историчарот и археологот Дејвид Хогарт и таа и Лоренс пристапиле со желба со британската војска во Каиро. Иако претходно не работела на предодредена позиција, таа му помагала на Хогарт во неговите задачи. Во Каиро станала единствениот женски офицер во Британската Империја.

Годината 1916 била пратена во Басру за да го советува Персија Кокс, главниот политички офицер. Сите овие задачи Гертруда ги добивала затоа што уште пред војната ги пропатувала повеќето од овие зими, па така собрала бесценето искуство и освен советувања, можела на војската да и помогне и во цртање мапи и во контакт со месното население.

Годината 1921 на конференцијата во Каиро на кој присуствувал Винстон Черчил, таа била единствена од избраните која ја претставувала групата на Оријенталисти.

Настанувањето на Ирак[уреди | уреди извор]

Како доаѓал крајот на јануари 1919 година Отоманското Царство ја завршило војната, па Гертруда Бел била задолжена да ја проучи ситуацијата во Месопотамија. Благодарејќи на способностите и врските кои ги имала таму со поистакнати луѓе, таа развила идеја за државната организација кои тогаш биле потребни на Ирак. Наредните 10 месеци ги поминала на пишување на официјален извештај на самоориентација во Месопотамија (Self Determination in Mesopotamia), кој бил прогласен за маестрално дело. А. Т. Вилсон имал други идеји како Ирак да стане поплавен и сметал дека треба да стане арапска влада под водство на британски прретставници. Во случките кои следеле, Гертруда имала улога на медијатор помеѓу арапската влада и британските претставници. Имала тешка задача да најде компромис помеѓу различни етнички групи кои жевееле во Ирак: Шиити од јужните краеви, сунити од централниот Ирак, Курда од северните краеви кои сакале да останат анонимни. Таа ги зближила во една влада која требала да балансира со британските империјалистички интереси.

Во ноември 1919 година Гертруда била повикана да говори на состанокот за промоцијата на Јавната библиотека во Багдад, а таму била избрана и на функција како претседател на библиотекарскиот комитет во периодот од 1921-1924 година. До тогаш багдадската библиотека под името Багдадска мирна библиотека била во приватна сопственост, а во 1924 година била предводена од Министерството за образование и станала јавна, за да во 1961 година да стане Национална библиотека во Ирак.