Георги Ковачев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Георги Ковачев
Роден 1924 година
Кресна, Пиринска Македонија, денеc Бугарија
Починал 1984 година
Националност Македонец

Георги Василев Ковачев ( 1924 во Кресна, Пиринска Македонија, Бугарија1984 во Бугарија) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Тој материјално ја помагал илегалната чета на Герасим Тодоров, поради што бил осуден на десет години строг и темничен затвор. Во логорите на смртта на островот Персин (Белене) тој одлежал повеќе од осум години. Важел за умерен подржувач на македонската кауза.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 68–69.