Генералитат на Каталонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Генералитат на Каталонија
Seal of the Generalitat of Catalonia.svg
Logotipo de la Generalitat de Catalunya.svg
Податоци за органот
Основан 1192 (прво формирање)
1932 (прв статут на автономија)
1979 (денешен генералитат)
Укинат 1714 (со Нуева Планта декретите)
1939 (крај на Шпанската граѓанска војна)
Надлежност Flag of Catalonia.svg Каталонија
Седиште Плоштад на Свети Јаков, Барселона
41°22′58″N 2°10′36″E / 41.38278° СГШ; 2.17667° ИГД / 41.38278; 2.17667
Вработени 240,000[1]
Годишен буџет €34.03 билиони (2017)[2]
Раководител department Ким Тора
(Претседател на Генералитатот)
Мрежно место
gencat.cat

Генералитатот на Каталонија (каталонски: Generalitat de Catalunya) е генералитат односно институција според која шпанската автономна заедница Каталонија е политички организирана. Во составот на Генералитатот се Парламентот на Каталонија, претседателот на Генералитатот на Каталонија и Извршниот совет на Каталонија.

Генералитот во 2006 година имал одговорност за годишен буџет од 24 милијарди евра кој во 2010 се зголемил на 33 милијарди евра.[3]

Парламентот на Каталонија кој е дел од генералитатот на 27 октомври 2017 година еднострано прогласил независност од Шпанија како „Каталонска република“. Како одговор на тоа, шпанскиот премиер Маријано Рахој одлучил да го распушти Парламентот на Каталонија и да закаже предвремени регионални избори за 21 декември 2017 година.[4]

Декларацијата за независност била одбиена од централната шпанска влада, а членовите на владата на Каталонија, вклучувајќи го и Карлес Пуџдемон, побегнале во Белгија, тврдејќи дека тие се легитимната влада на Генералитатот на Каталонија.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Statistical Bulletin of public administrations, P.32 Архивирано 26 November 2012[Датумско несогласување] во Wayback Machine.
  2. http://aplicacions.economia.gencat.cat/wpres/AppPHP/2017/pdf/VOL_L_EID.pdf
  3. „Statistical Institute of Catalonia, '''Generalitat de Catalunya. Budget. 2006-2010, by chapters'''. Idescat.cat. конс. 2014-04-18. 
  4. „Избори во Каталонија“. Радио Слободна Европа на македонски јазик (македонски). 21 декември 2017. конс. 27 јуни 2018. 
  5. „Пуџдемон од Белгија ја започна кампањата за каталонските избори“. А1он (македонски). 25 ноември 2017. конс. 27 јуни 2018.