Врмџанско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија

Врмџанското Езеро претставува привлечно место за излети и место за риболов во околина на Врмџа, Србија. Сместено е во непосредна близина на истоименото село и во јужното подножје на планината Ртањ. Од селото Врмџаоддалечено е 3 км, а од Сокобања 15 км. Подрачјето каде е сместено езерото многу е богао со природни убавини, пасишта, шуми и извајани карпи. За оваа област е карактеристичен многу чист воздух, извор на ладна вода за пиење, како и богатство на шумско овошје, печурки и разни лековити билки.

Настанување[уреди | уреди извор]

Врмџанското езеро има карстно потекло, со овална форма е. Врмџанското езеро е настанато на место на левкаста вдлабнатина. Во 1892 година, дупка со пречник од 80 метри била исполнета со вода, по обилниот дожд поради затнувањето на бездната . Поради одзатнувањето на нови бездни, пред педесетина години, езерото со длабочина од 10 метри привремено исчезнало. Денес, водата во езерото се обновува од мал извор, подземни извори, дожд и снегови.

Име на езерото[уреди | уреди извор]

Името на езерото е многу невообичаено, но не и за оние кои се од тој крај. И ден денес во оваај крај може да се слушне „дождот паѓа од облаците“ или кога во жешкото лето „треба да се наврне вода во градината“. Од зборот наврнепотекнува и името Врмџа. Тоа значи дека место со тоа име го карактеризираат многу извори, потоци, поточиња, рекички, па дури и реки, бидејќи врм значи вода.[1]

Клима[уреди | уреди извор]

Просечната годишна температура на воздухот е помеѓу 9 °C и 12 °C Вегетацискиот период во оваа област се движи од 220 до 260 дена, во тој период се излачуваат 55-60% од вкупните врнежи.

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

Околината на езерото ја карактеризира со богатство на растенија, шумски овошја, печурки. На планината Ртањ растат околу 60 ендемски видови на лековити растенија.

Во езерото се застапени риби, како што се крап, крап, красија, бодорка, бабушка а некаде е пуштена и калифорниска пастрмка.

Туризам[уреди | уреди извор]

Оваа подрачје е специфично по урнатините на древниот Врмџањски град. Урнатините на древниот Врмџањски град се наоѓаат на висорамнината над селото Врмџа. Изграден е помеѓу 4 и 6 век, поради одбрана на византиската територија од нападите на Аварите и Словените .[2] Во близина на Врмџанското езеро, поточно во селото Врмџа, се наоѓа црквата Света Троица.[3] Изграден е на почетокот на 19 век. Во црквата се наоѓаат вредни икони изработени на платно.

Секоја година, на овие простори се одржува манифестацијата Свети Јован Биљобер . Оваа манифестација е особено посетена од голем број на експерти.

Врмџанското езеро претставува прекрасно место за одмор, риболов и берење на ртањски чај. Селото Врмџа нуди и сместување на своите посетители. Во последниве години, селото има добри приватни понуди и добро е посетено. За селото е карактеристична домашна храна, етно специјалитети.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Врмџанско језеро“. Сокобања туристички центар. Посетено на 16. 5. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Врмџански град“. Занимљива Србија. Архивирано од изворникот на 2014-10-10. Посетено на 16. 5. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Врмџанско језеро“. Сокобања - Зелено срце Србије. Архивирано од изворникот на 06. 08. 2015. Посетено на 16. 5. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Сокобања. Београд: Институт економских наука. 1997.CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]