Вранина тврдина

Координати: 40°56′44″N 24°11′23″E / 40.9455° СГШ; 24.1898° ИГД / 40.9455; 24.1898
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вранина тврдина
Βρανόκαστρο
Тврдината гледана од Палихор
Карта
МестоПалихор, Правишко
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати40°56′44″N 24°11′23″E / 40.9455° СГШ; 24.1898° ИГД / 40.9455; 24.1898
Видтврдина
Историја
Раздобјеантика и среден век
Белешки за наоѓалиштето
Состојбаурнатини

Вранина тврдина (грчки: Βρανόκαστρο, Вранокастро или Κάστρο Παλαιοχωρίου) — античка и средновековна одбранбена тврдина кај селото Палихор, Правишко, Егејска Македонија.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Утврдувањето се наоѓа на рид во североисточните пазуви на планината Кушница, источно од с. Палихор.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Тврдината е наречена по византискиот војсководец Алексиј Врана, кој ја обновил во XII век. Месното предание ја поврзува со Александар Македонски и затоа го носи другото име „Тврдина на Александар Македонски“ (Κάστρο του Μ. Αλεξάνδρου).[1]

Изградена е од македонската држава за заштита на златните рудници во околината, кои учествувале во финансирањето на походите на Александар Македонски во Азија. По исцрпувањето на наоѓалиштата, таа е напуштена.[1]

Во римскиот период замокот понекогаш се користел како стражарска испостава, но постепено излегол од употреба.[1]

Во 1185 г. византискиот војсководец Алексиј Врана ја обновил тврдината, ѝ го зајакнал утврдувањето и поставил гарнизон. Овојпат таа немала улога на рудници, кои повеќе не постоеле, туку да ги контролира преминот и патот меѓу венецот Кушница и езерото Прасијада, кое тогаш ја опфаќало денешната рамница на Филипи. Во 1383 г. тврдината е освоена од Османлиите. Според месно предание, опсадата траела четириесет дена.[1]

Во Горниот град на тврдината има мал параклис посветен на Свети Тодор. За празникот Тодорица жителите на Палихор и пошироката околина одат таму на поклоление.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Βρανόκαστρο“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 17 април 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]