Влатко Коруноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Влатко Коруноски-Ларата
Роден(а)1951
Прилеп, СР Македонија СР Македонија
Починал(а)5 јуни 2018
Прилеп, Македонија Македонија
Националностмакедонец
Занимањеракометар

Влатко Коруноски-Ларата (Прилеп, 1951 - Прилеп, 5 јуни 2018) — македонски ракометар, легенда на некогашниот прилепски машки ракометен клуб РК „Тут-ком“.

Биографија и кариера[уреди | уреди извор]

Коруноски е роден во Прилеп во 1951 година. Бил левак и секогаш бил еден од најефикасните поединици во РК Тут-ком. Во неговото активно играње од сезоната 1977/78 година, постојано бил меѓу десетте најдобри спортисти на Прилеп и Тутунски комбинат. Се закитил и со титулата најдобар спортист на градот. Бил постојан репрезентативец на Македонија. Една сезона бил и член на РК „Пелистер“, но повторно се вратил во матичниот клуб и тука ја завршил ракометната кариера. Од 1984/85 тој бил тренер на женската ракометна екипа, заедно со Петар Кузманоски – Таста. Најголемиот успех во тренерската кариера го постигнал во најквалитетниот женски ракометен колектив на РК „Тутунски комбинат“, кои во ракометната сезона 1987/88 станале второлигаши во некогашната YU женска ракометна лига и тоа бил прв пат РК „Тутунски комбинат“ да има женска вторологишка екипа.

Починал на 5 јуни 2018 година во Прилеп.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]