Владимир Јаневски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Владимир Јаневски е роден 1969 година во Скопје. Во периодот од 1996 г. до 2002 г. студира на додипломски студии на Институтот за етнологија и антропологија при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија. Во јули 2002 г. се стекнува со степен дипломиран етнолог на тема: Народната носија во Овче Поле. Во Јуни 2011 г. се стекнува со степен магистер по етнолошки науки, на тема: Етнолошки и етнокореолошки карактеристики на македонските традиционални народни ора - по избрани примери. Од 2011 г. е запишан на докторски студии во Институтот за фолклор Марко Цепенков – Скопје (тема: Етнокореолошка класификација на ората во Македонија)[1].

Своето професионално искуство го започнува во периодот од 1986 г. до 2001 г. како играч и пеач во професионалниот Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ од Скопје. Во периодот од 2001 г. до 2007 г. е професор во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ на насоката за традиционална музика и игра. Од 2007 г. до 2010 г. се вработува како асистент на Одделот за етнокореологија при Факултетот за музичака уметност, Универзитет „Гоце Делчев“Штип. Во јули 2010 г. е избран за доцент[2] на Одделот за етнокореологија при Факултетот за музичака уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Денес ја извршува финкцијата на продекан[3] на Факултетот за музичака уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Учествува на многу концерти и гостувања надвор од државата како ментор на учениците од ДМБУЦ и како пеач и играч во „Танец“.

Добитник е на повеќе награди:

  • 2003 Награда за посебен придонес во презентацијата на народната култура, Во организација на „Модест“, Скопје.
  • 2004 Прва награда на меѓународниот фестивал за етнографски филм во организација на Етнографскиот музеј од Белград за филмот Пишање на невеста.
  • 2010 Нграда за особен придонес во популаризацијата на етнологијата и етнолошкото културно наследство, Македонско етнолошко друштво.

Членство:

  • Од 1996 Член на Македонското етнолошко друштво, Скопје, Македонија.
  • Од 2003 Член на International Dance Council, УНЕСКО, Париз, Франција.
  • Од 2011 Член на Здружението на етнокореолози на Македонија, Скопје Македонија (позиција: Претседател).

Изложби:

  • Народните носии од Штип и штипско, Завод и Музеј Штип, мај 2010 год. (автор).
  • Young Brides, Old Treasures, Museum of International Folk Art, Santa Fe, New Mexico, септември 2011 г. (концепција и реализација).



Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]