Виторија Колона

Од Википедија — слободната енциклопедија
Виторија Колона, цртеж на Микеланџело. Колона имала приближно 50, а Микеланџело 65 за време на цртежот.
Насловната страница на поезијата на Колона од 1559 година.

Виторија Колона (родена на април 1492[1] – 25 февруари 1547) била италијанска благородничка и поетеса. Образована, мажена благородничка чиј сопруг бил во заробеништво, Колона развила односи во интелектуалните кругови на Искја и Неапол. Нејзината рана поезија почнала да привлекува внимание кон 1510-тите[2] и на крајот станала една од најпопуларните поети во Италија од 16 век. По раната смрт на нејзиниот сопруг, таа отишла во манастир во Рим, и останала калуѓерка што доживеала духовно обновување и остана побожно религиозна до крајот на животот. Познато е дека Колона му била муза на Микеланџело Буонароти.

Биографија[уреди | уреди извор]

Колона била родена во Марино, во 1492 г., во семејството Колона во близина на самиот град Рим. Таа била ќерка на Фабрицио Колона, прочуен полицаец на Неаполско Кралство и на Ањезе да Монтефелтро којашто била ќерка на Фредерико да Монтефелтро. Таа била свршена во 1495 на 3-годишна возраст со „Феранте“ односно Фернандо Франческо д'Авалос, син на маркезинот ди Пескара, поради инсистирање на кралот Фердинанд на Неапол.[3][2]

Во 1501 г., имотот и земјата на семејството на Колона бил запленат од страна на папата Александар VI, па семејството морало да се пресели во Искја, домот на свршеникот на Колона. Во Искја, Колона добила хуманистичко образование за уметност и литература од Костанца д'Авалос, тетката на нејзиниот свршеник.[4] Нејзината рака ја барале многу дворјани, вклучувајќи ги и војводите од Савој и Браганца, но таа го одбрала Д'Авалос за нејзин сопруг на островот Искја, на 27 декември 1509 г.[3][5] Таму, Виторија станала дел од кнежевството на Костанца д'Авалос, војвотката од Франкавила, тетка на нејзиниот сопруг.[6]

Парот живеел заедно во Искја до 1511 година, кога сопругот го понудил својот меч на Лигата против Французите. Бил заробен во 1512 г. во битката кај Равена, и бил пренесен во Франција. За време на притворот и долгите години што следеле, Колона и д'Авалос се допишувале во проза и во стих,[3] но преживеало само едно поетско „Послание“ до нејзиниот сопруг.[7] Џозеф Гибалди согледал дека песната на Виторија до Феранте е директна имитација на Хероидите од Овидиј кадешто познатите антички жени, Дидо и Медеја упатуваат поплаки до своите отсутни љубовници.[8] Колона го минала летото во 1525 г. во замокот на својот татко во Марино и таму се разболела. Тогаш таа таму добила копија од Книгата на дворјанинот на Балдесаре Кастиљоне, која таа ја циркулирала низ Неапол.

Живот како вдовица (1525–1547)[уреди | уреди извор]

На 3 декември 1525 г., Фернандо умрел во Милано од своите рани што ги добил во битката кај Павија. Колона, која брзала да го чува својот сакан, ја примила жалната веста за смртта во Витербо.[3] Таа застанала со патувањето, повлекувајќи се во црквата Сан Силвестро во Рим, каде што имало манастир од Редот на Санта Кјара. Нејзиното барање да влезе во манастирот како дел од него било одбиено од папата Климент VII и од братот Асканио,[9] потоа враќајќи се во Искја, таму останала неколку години. Абигејл Брундин ги откри намерите на Клемент и Асканио за одбивањето на барањето на Колона дека тие се надевале на иден брак за да се создадало уште еден посакуван политички сојуз.[10] Меѓутоа, таа одбила и тотално се посветила на пишувањето поезија.

Наследство[уреди | уреди извор]

Иако се верувало дека поезијата на Виторија Колона излегла од мода по 16-тиот век, нејзината поезија оттогаш започнува да се реобјавува, често во повеќе изданија.[11] Се покажало дека нејзината поезија го инспирирала шпанско-неаполскиот поет Франциско де Алдана за неговите дела.[12]

Современи изданија[уреди | уреди извор]

  • Летај не премногу високо Сонети на Габриел де Коињар и Виторија Колона во превод на Џон Галас, Контемплативна поезија 6 (Оксфорд: SLG Press, 2022)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Some sources claim Vittoria Colonna was born in 1492. See Brundin, Abigail (2005). „Colonna, Vittoria (1492–1547)“. Italian Women Writers. University of Chicago Library. Посетено на 4 July 2013.
  2. 2,0 2,1 Gibaldi, Joseph. "Vittoria Colonna: Child, Woman, and Poet." In Women Writers of the Renaissance and Reformation. Ed. Katharina Wilson. Athens, GA, 1987: pp. 23–24.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Chisholm 1911.
  4. Trollope, T. A. The Life of Vittoria Colonna. New York, 1859: p. 31.
  5. Patrizi, Giorgio (1982). „Colonna, Vittoria“. Trecanni, l'enciclopedia Italiana. Dizionario Biografico degli Italiani (италијански). Rome.
  6. Robin, Diana Maury, Anne R. Larsen and Carole Levin (2007). "Colonna, Vittoria" by Abigail Brundin“. Encyclopedia of Women in the Renaissance: Italy, France, and England. ABC-CLIO. стр. 87–90. ISBN 9781851097722.
  7. Brundin, Abigail (2005). „Colonna, Vittoria (1490–1547)“. Italian Women Writers. University of Chicago Library. Посетено на 1 July 2013.
  8. Gibaldi, Joseph. "Vittoria Colonna: Child Woman, and Poet." In Women Writers of the Renaissance and Reformation. Ed. Katharina M. Wilson. Athens, Georgia, 1987: p 29.
  9. von Reumont, Alfred (1892) [1883]. Müller, Giuseppe and Ermanno Ferrero (уред.). Vittoria Colonna, Marchesa di Pescara: Vita, fede e poesia nel secolo decimosesto (италијански). Loescher. стр. 88.
  10. Brundin, Abigail (2008). Vittoria Colonna and the Spiritual Poetics of the Italian Reformation. Aldershot: Ashgate. стр. 23. ISBN 9780754690214.
  11. Cox, Virginia (14 June 2013). Lyric Poetry by Women of the Italian Renaissance (англиски). JHU Press. ISBN 978-1421409504.
  12. Lennon, Paul Joseph (2021). „Figuring Vittoria Colonna's Desirous Widow in Francisco de Aldana's 'Pues cabe tanto en vos del bien del cielo'“. Romance Studies. 39 (4): 208–20. doi:10.1080/02639904.2021.2002555.