Вир (расказ на Мопасан)
„Вир“ (француски: Le Trou) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 9 ноември 1886 година.
Содржина
[уреди | уреди извор]Тапетарот Леополд Ренар е обвинет за убиство и за време на судењето ја изложува својата одбрана: Тој и неговата сопруга често оделе на риболов при што имале свое омилено место кое го почитувале сите други риболовци. Еден ден, тие заминале на риболов подоцна од вообичаеното и нивното место веќе го зафатило еден брачен пар. Леополд бил мирен човек и воопшто не реагирал на тоа, но неговата сопруга цело време се жалела и го карала. Најпосле, двете жени се скарале за местото и меѓу нив почнала остра тепачка. Кон тепачката се приклучил и непознатиот натрапник, а бранејќи ја жена си, Леополд го турнал човекот во реката. Потоа, додека Леополд се мачел да ги раздели двете жени, човекот веќе се удавил. По завршувањето на својот исказ, сведоците ја потврдуваат неговата приказна и Леополд е ослободен од обвинението.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Вир“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 169-178.