Виктор Рубан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Медали

Рубан на игрите во Лондон 2012
Машко стреличарство
Натпреварувач за  Украина
Олимписки игри
Злато Пекинг 2008
Бронза Атина 2004

Виктор Рубан (роден 24 мај 1981 во Харков, СССР) е поранешен украински најдобар стреличар и освојувач на златен олимписки медал од игрите во Пекинг во 2008.

Летни олимписки игри 2004[уреди | уреди извор]

На игрите во Атина во 2004, Рубан се натпреварувал во поединечната категорија од машкото стреличарство. Тој во својот прв натпревар забележал победа и се пласирал во најдобрите 32 а потоа повторно забележал победа и се пласирал во осминафиналето од олимпискиот турнир. Во третиот натпревар, Рубан бил поразен од британецот Лоренс Годфри. По поразот Рубан се пласирал на 13-то место. Рубан исто така бил дел и од украинскиот тим во стреличарство на игрите, со кој успеал да го освои бронзениот медал.

Летни олимписки игри 2008[уреди | уреди извор]

На Олимписките игри 2008 во Пекинг Рубан ја завршил првата рунда на рангирање со 678 поени, само еден поен помалку од стреличарот Хуан Рене Серано и подеднаков број поени како индиецот Мангал Чампија. Овој резултат го рангирал Рубан како трет носител во главното натпреварување. Во првата рунда тој го победил египјанецот Магед Јусуф со резултат 111-96. Во втората рунда Рубан издвојувал лесна победа против австралиецот Мајкл Нереј со резултат 115-105 и преку полјакот Јачек Проч (114-108) во третата рудна се пласирал во четвртфиналето. Таму немал проблем, победувајќи го јапонскиот стреличар Морија Руичи со 115-106. Во полуфиналето Рубан одиграл нерешено против русинот Баир Баденов откако двајцата оствариле резултат 112. Бидејќи натпреварот завршил без победник била одиграна уште една дополнителна рунда во која Рубан постигнал 20, а противникот Баденов постигнал 18 поени. Во финалето тој го освоил златото победувајќи го јужнокореанскиот стреличар Парк Кунг-Мо со тесни 113-112.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]