Викторија Бенедиктсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Викторија Бенедикстон
Викторија Бенедикстон

Викторија Бенедиктсон (6 март 1850 во Дом - 21 јули 1888) — шведска писателка. Родена е како Викторија Марија Брузелиус во Дом, село во провинцијата Сканија. Таа пишувала под псевдонимот Ернст Алгрен.

Животопис[уреди | уреди извор]

Бенедиктсон пораснала на фарма во Шведска. На 21 година се омажила за 49-годишен вдовец од Херби. Таа, заедно со Аугуст Стриндберг, се смета за еден од најголемите поборници на шведскиот реалистички стил на пишување. Во нејзините романи таа ја опишувала нееднаквоста во бракот и често во нејзините дела дебатирала за проблемите поврзани со правата на жените. Современите критичари ја сметаат за рана феминистка; порано фокусот бил ставен на нејзината љубовна врска со Георг Брандес.[1]

Таа извршила самоубиство во соба во хотелот Леополд на Ховедвагтсгаде - во близина на Конгенс Ниторв во Копенхаген.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „skbl.se – Victoria Maria Benedictsson“. skbl.se. Посетено на September 13, 2019.
  2. „A Brief Biography of Victoria Benedictsson“. Архивирано од изворникот на 2012-02-05. Посетено на 2012-04-29.