Википедија:Уредувачки натпревари/Градови во Европа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Уредувачки натпревар на тема „Градови во Европа“

 

од 7 октомври до 6 ноември 2016 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Градови во Европа“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Градови во Европа“.

Натпреварот почнува на 7 октомври 2016 г. во 00:00 ч. и завршува на 6 ноември 2016 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат статии поврзани со градовите во Европа. Тука би влегле статии поврзани со сите градови во Европа, пред сè поголемите градови назначени во самата предлошка „Список на градови во Европа“. Треба да се назначи дека под град во Европа се подразбира оној град кој се наоѓа во географските граници на Европа (опишани тука).

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ги бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да има различна тема од европските градови). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Покрај пишувањето на нови статии, учесниците имаа прилика и значајно да прошират постоечка статија (никулец), при што жирито ќе оценува колкав е новиот дел и бодовите ќе бидат доделени за тој дел.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи[уреди извор]

Евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

  1. Bjankuloski06
  2. Тиверополник
  3. P.Nedelkovski
  4. TheGreatMKD
  5. M4r51n
  6. Иван Ж

Предлози за статии[уреди извор]

Материјали[уреди извор]

Учесниците имаат слобода при употребата на материјали во натпреварот и тие може да користат материјали од книги, енциклопедии, дигитални изданија, други јазични изданија на Википедија, како и други печатени и дигитални материјали поврзани со градовите во Европа.

Членови на жирито[уреди извор]

  1. Kiril Simeonovski (Ж1)
  2. Ehrlich91 (Ж2)
  3. Sazdo (Ж3)
  • Станете член на жирито за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Награди[уреди извор]

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за техничка стока или книги/материјали по избор на добитникот.

На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата.

Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на жири-комисијата.

Посебна награда ќе биде доделена за корисникот кој ќе напише „статии за градови во најмногу европски земји“ (предвид се земаат сите статии што ќе бидат оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на жири-комисијата).

I награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 12.000 денари.

II награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 6.000 денари.

III награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најдобра статија[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Посебна награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Резултати[уреди извор]

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 710
2 TheGreatMKD 473
3 P.Nedelkovski 178
4 Иван Ж 89
5 M4r51n 68
6 Bjankuloski06 0
Награда за најдобра статија
Посебна награда
  • TheGreatMKD со статии за градови во 17 различни европски земји.