Википедија:Уредувачки натпревари/Поранешни држави

Од Википедија — слободната енциклопедија
Уредувачки натпревар на тема
„Поранешни држави“

 

од 1 до 30 септември 2023 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Поранешни држави“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Поранешни држави“.

Натпреварот почнува на 1 септември 2023 г. во 00:00 ч. и завршува на 30 септември 2023 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Главна тема на натпреварот се поранешните држави (пр. Корзиканска Република, Триполитаниска Република итн.) и само статиите за нив ќе бидат признаени и бодувани. Може да се уредуваат и постоечки статии за поранешни држави, каде бодувањето ќе се врши во поглед на додадената количина нов материјал, како и севкупното средување на постоечката статија. Како помош при изборот на статии се препорачува да се користи соодветната категорија на Википедија на англиски јазик. (Напомена: Статии на теми коишто се поврзани со поранешните држави нема да бидат земени предвид.)

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува Оценувачкиот одбор, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Оценувачкиот одбор ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на Оценувачкиот одбор ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на Оценувачкиот одбор може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да биде создадена нова страница, или правење ситни подобрувања на некоја статија). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови, како и ќе напише статии подобни за другите награди, кои ќе се бодуваат засебно.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на Оценувачкиот одбор, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи[уреди извор]

Евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди. Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

  1. Bojan9Spasovski
  2. Катерина Иванова 20:40, 31 август 2023 (CEST)[одговори]
  3. Nikolovska Mia (разговор) 09:34, 1 септември 2023 (CEST)[одговори]
  4. Dentedeleone (разговор) 11:17, 1 септември 2023 (CEST)[одговори]
  5. Chnitke
  6. Тиверополник
  7. Marija Boshevska11
  8. Simonka34
  9. П.Неделковски

Членови на Оценувачкиот одбор[уреди извор]

  1. Kiril Simeonovski (О1)
  2. Ehrlich91 (О2)
  3. Инокентиј (О3)
  • Станете член на Оценувачкиот одбор за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Материјали за користење[уреди извор]

Може да се користат преводи, но се препорачува користење извори на македонски јазик, односно истражување од македонските мрежни страници и нивно наведување во статиите.

Награди[уреди извор]

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за книги и техничка стока. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Македонија. Доколку сакате ваучер од специфична продавница, наведете по завршувањето или за време на траењето на натпреварот. Одбраните корисници на наградите треба да си ги подигнат наградите во просториите на Споделено знаење, во зградата на Сивус Бизнис Инкубатор во Скопје.

На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на Оценувачкиот одбор

Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на Оценувачкиот одбор

Награда ќе биде доделена и за најдобриот нов учесник, односно корисник кој претходно не учествувал на уредувачките натпревари.

Секој учесник има право на најмногу две награди во сите категории.

Важно: За да се освои било која награда, потребно е да се создадат или подобрат најмалку 25 статии оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на Оценувачкиот одбор.

Посебно изненадување: Сите учесници во натпреварот коишто ќе уредат најмалку 10 статии оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 ќе добијат посебно изненадување доколку во натпреварот вкупно бидат уредени најмалку 300 статии.

I награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 12.000 денари.

II награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 6.000 денари.

III награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најдобра статија[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Награда за најдобар нов учесник[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 2.000 денари.

Резултати[уреди извор]

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на Оценувачкиот одбор.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 1.187
2 Bojan9Spasovski 780
3 Dentedeleone 398
4 Marija Boshevska11 264
5 Nikolovska Mia 232
6 P.Nedelkovski 122
7 Chnitke 20
8 Dandarmkd 9
9 Katerina Ivanova 00 0
Награда за најдобра статија
Награда за најдобар нов учесник
Посебно изненадување
  • Изненадувањето не е доделено.