Википедија:Избрана статија/2011/02

Од Википедија — слободната енциклопедија

Историјата на христијанството се однесува на христијанската религија и христијанската црква, чии почетоци започнуваат од мисионерството на Исус Христос и неговите дванаесет Апостоли сè до ден денеска. Христијанството е аврамска религија и се разликува значително од другите религии по тврдењето дека Исус Христос е Божји Син.

Во многу христијански вероисповеди, црквата се разбира како теолошка институција која била основана од Исус за спас на човештвото. Ова разбирање се споделува помеѓу католичката и православната црква. Во католичката традиција, католичката црква го претставува Телото на Христос, додека протестанската смета дека Телото на Христос го сочинува целиот христијански народ. Според други, црквата претставува место за собир на верниците на едно место и нивно обединување.

Историјата на христијанството започнува во 1 век во Ерусалим. Како државна религија за прв пат била воведена во Ерменија во 301 или 314 година, во Етиопија во 325 година, Грузија во 337 година, Римска Империја во 380. Во текот на својата историја, христијанството се раширило скоро по целиот свет и денеска, таа е најголемата религија со најмногу верници на светот. Во својата историја, дошло и до различни религиозни спорови и тие довеле до создавање на различни гледања на христијанството. Денес, најголеми христијански цркви се Римокатоличка црква и Православната црква. (Дознајте повеќе...)