Википедија:ВикиПроект МИКРОСАМ 2012-13

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лого-МИКРОСАМ.jpg
Wikimedia Macedonia logo mk.svg
Поврзано:

Проектот МИКРОСАМ 2012-13 има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик од страна на студентите на Микросам Академијата од Прилеп, во учебната 2012/2013 година, со цел работата на студентите подобро да се организираа и координира. Во извршување на предвидените активности може да се вклучат и останатите википедијанци. Проектот треба да опфати категоризација, надополнување и презентација на темите кои ги обработуваат студентите. Страницата на проектот и соодветните подстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата.

Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете ги своите коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете допринос во уредувањето на статиите.


Лого на „МИКРОСАМ АКАДЕМИЈА“ - Прилеп
Вики
Проект
2013 2012


Пријавени членови[уреди извор]

Во продолжение следи список на Википедијанци учесници во овој проект. Ако сте заинтересирани за учество во проектот, слободно придружете се и станете дел од тимот. На вашата корисничка страница можете да додадете шаблон дека сте член на проектниот тим: {{Корисник МИКРОСАМ}}.

р.бр. член список на статии на кои работи членот на проектниот тим
1. brest
  1. ВикиПроект МИКРОСАМ 2012-13
2. i.kostadinoski
  1. Примов Алгоритам
  2. Евклидов простор
  3. Андроид (оперативен систем)
  4. BFS
  5. IOS
  6. Поларен координатен систем
  7. Алгоритам на Дајкстра
  8. Windows 8
  9. Препознавање на говор
  10. MATLAB
  11. Компјутерско програмирање
  12. Компјутерска програма
  13. Андроид
  14. Џон Бон Џови
  15. Микросам АД

Фази на проектот[уреди извор]

Првата фаза на проектот опфаќа дефинирање на списоци на статии кои ќе бидат предмет на обработка и избор на статии за обработка на секој учесник во проектот поединечно. Се предлага соработка на повеќе учесници на една статија согласно со принципите на Википедија.

Втората фаза на проектот опфаќа обработка на статиите, нивно оценување и предлагање за добри односно избрани статии.

Третата фаза на проектот опфаќа изработка на вики-портал поврзан со темите предмет на обработка на овој проект.

Како можете да помогнете?[уреди извор]

Вклучете се во било која од фазите и дадете свој допринос во уредувањето на статиите. Секој може да се вклучи во било која фаза од проектот. Може да се работи паралелно во било која фаза од проектот со произволен број на учесници.

Вашето учество е добредојдено и драгоцено, без разлика од кој квалитет и интензитет ќе биде.

Избор на најдобра статија[уреди извор]

Подолу може да номинирате статија за избор на најдобра во рамките на проектот. Останатите членови од викизаедницата, вклучително и членовите на проектот, ќе имаат можност да ја оценат номинираната статија. За најдобра статија на проектот ќе се избере статијата која ги задоволува стандардите на википедија. Најдобрата статија треба да претставува пример за најдобра работа на проектот, да содржи професионални стандарди на пишување и презентација, да се придржува до сите правила кои важат општо за сите статии на Википедија.

Номинирана статија[уреди извор]

  1. Андроид (оперативен систем)

Шаблони[уреди извор]

Следниве шаблони ќе се користат:

  • {{никулец}} – статиија никулец - се додава на крајот од статија никулец.
  • {{ВикиПроект МИКРОСАМ 2012-13}} – ознака дека статијата е дел од проектот - се додава во страницата на разговор на соодветната статија.
  • {{Корисник МИКРОСАМ}} – шаблон за учесници во проектот, секој корисник член на проектот ја додава на својата корисничка страница.