Википедија:ВикиПроект УГД 2013
Поврзано:
|
Проектот УГД 2013 има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик од страна на студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, со цел работата на студентите подобро да се организираа и координира. Во извршување на предвидените активности може да се вклучат и останатите википедијанци. Проектот треба да опфати категоризација, надополнување и презентација на темите кои ги обработуваат студентите. Страницата на проектот и соодветните потстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата.
Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете ги своите коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете придонес во уредувањето на статиите.
Цели
[уреди извор]Работата на учесниците во овој проект ќе биде фокусирана на:
- Создавање на нови квалитетни статии;
- Редизајн на постоечките статии;
- Додавање на референци на постоечките статии;
- Подигнување на фотографии и други материјали како поткрепа на содржините во статиите;
- Превод на статиите на википедија на англиски и шпански јазик
- Меѓујазични врски кон статиите на другите јазични изданија на википедија.
Пријавени членови
[уреди извор]Во продолжение следи список на википедијанци учесници во овој проект. Ако сте заинтересирани за учество во проектот, слободно придружете се и станете дел од тимот. На вашата корисничка страница можете да додадете предлошка дека сте член на проектниот тим: {{Корисник УГД}}.
р.бр. | член | список на статии на кои работи членот на проектниот тим |
---|---|---|
0. | brest | |
1. | Veiz Rusid (разговор) 12:02, 13 март 2013 (CET) | |
2. | X217MKD (разговор) 12:01, 13 март 2013 (CET) | |
3. | Makiengin (разговор) 12:00, 13 март 2013 (CET) | |
4. | BAzz (разговор) 12:01, 13 март 2013 (CET) | |
5. | Draganaballack (разговор) 12:01, 13 март 2013 (CET) | |
6. | StojancePecov (разговор) 12:02, 13 март 2013 (CET) | |
7. | Darkonasov (разговор) 12:04, 13 март 2013 (CET) | |
8. | Kocuba92 (разговор) | |
9. | filipmania (разговор) | |
10. | Благојче Дишоски (разговор) |
Фази на проектот
[уреди извор]Извршена е обука на четириесетина студенти од повеќе факултети на универзитетот.
Првата фаза на проектот опфаќа дефинирање на списоци на статии кои ќе бидат предмет на обработка и избор на статии за обработка на секој учесник во проектот поединечно. Се предлага соработка на повеќе учесници на една статија согласно со принципите на Википедија.
Втората фаза на проектот опфаќа обработка на статиите, нивно оценување и предлагање за добри односно избрани статии.
Третата фаза на проектот опфаќа изработка на вики-портал поврзан со темите предмет на обработка на овој проект.
Како можете да помогнете?
[уреди извор]Вклучете се во било која од фазите и дадете свој придонес во уредувањето на статиите. Секој може да се вклучи во било која фаза од проектот. Може да се работи и паралелно во било која фаза од проектот со произволен број на учесници.
Вашето учество е добредојдено и драгоцено, без разлика од кој квалитет и интензитет ќе биде.
Список на статии
[уреди извор]Следниве статии ќе бидат предмет на обработка во рамките на проектот:
р.бр. | статија | список на членови на проектниот тим кои работат на статијата |
---|---|---|
1 | Емануел Чучков | |
2 | Дончо Штипјанчето | |
3 | Кочо Рацин |
Избор на најдобра статија
[уреди извор]Подолу може да номинирате статија за избор на најдобра во рамките на проектот. Останатите членови од викизаедницата, вклучително и членовите на проектот, ќе имаат можност да ја оценат номинираната статија. За најдобра статија на проектот ќе се избере статијата која ги задоволува стандардите на википедија. Најдобрата статија треба да претставува пример за најдобра работа на проектот, да содржи професионални стандарди на пишување и презентација, да се придржува до сите правила кои важат општо за сите статии на Википедија, како и:
- (а) да е одлично напишана: нејзината проза е инспиративна, дури брилијантна и е од професионален стандард;
- (б) да е детална: ги содржи сите важни факти или детали, ништо не изоставува;
- (в) да е веродостојна и прецизна: тврдењата се веродостојни и се искористени авторитативни извори кои прецизно и точно градат едно тело на публикувано и потврдено знаење и се придружени со специфични докази и надворешни цитати, ова го вклучува постоењето на пасус „Наводи“ во кој се наведени изворите, придружени со фусноти на соодветните места;
- (г) да е неутрална: презентира објективност и неполаризираност;
- (д) да е стабилна: не е тема на уредувачки војни и нејзината содржина не се менува значајно од ден на ден;
- (ѓ) да има вовед: концизен почетен дел кој ја сумира целата тема и го подготвува читателот за поголемото ниво на деталност во следните секции;
- (е) да има соодветна структура: систем на хиерархиски поднаслови, но не преголема содржина;
- (ж) да има постојани цитати: онаму каде што има потреба во согласност со (в), континуирано форматирани референци во форма на фусноти;
- (з) да има слики и други мултимедијални содржини таму каде што е соодветно, со добар коментар на секоја слика и со прифатлив статус во врска со авторските права;
- (ѕ) да има соодветна должина, при што фокусот ќе остане на главната тема без да се оди во непотребни детали.
Номинирани статии
[уреди извор]Предлошки
[уреди извор]Следниве предлошки ќе се користат:
- {{никулец}} – статиија никулец - се додава на крајот од статија никулец.
- {{ВикиПроект УГД 2013}} – ознака дека статијата е дел од проектот - се додава во страницата на разговор на соодветната статија.
- {{Корисник УГД}} – предлошка за учесници во проектот, секој корисник член на проектот ја додава на својата корисничка страница.