Прејди на содржината

Велигденски обичаи - осветување на пасха

Од Википедија — слободната енциклопедија

Велигденски обичаи - осветување на пасха (русински пошвецаня паски) / (украински посвячення паски; посвячення великоднього кошика), е традиционален обичај на Русините и Украинците во Војводина и претставува синтеза на традиционалната семејна прослава на празникот Велигден.[1] Велигденски обичаи - празнувањето на Велигден е на списокот на нематеријално културно наследство на Србија од 2021 година под инвентар број 52.[2]

Празнување на Велигден

[уреди | уреди извор]

Верниците од русинската и украинската грчко-католичка црква во Војводина Велигден го празнуваат според јулијанскиот календар („стар календар“), освен на неколку места каде што се почитува грегоријанскиот („нов календар“).[3]

Специфичност на обичајот

[уреди | уреди извор]

Специфичноста на обичајот се состои во посебен обред на осветување на храната во црквата на Велигден, како и самата подготовка на храна во домаќинството. Боење и украсување на јајца се изведува на Велики петок. Во Шид и околните места е сочувана е батик техниката на боење на јајца. Со таа техника јајцата прво се шараат со восок, а потоа се бојадисуваат.[1]

Покрај обоени и шарени јајца, се подготвува и „сирец“ - обредно јадење од јајца и млеко, односно домашно бело сирење. Тука се и „паска“ - обреден велигденскаи колач, шунка, колбаси, млад кромид, сол и друго. Храната се става во плетена корпа и се покрива со украсена салфетка која се користи само за оваа пригода.

Обредот на осветување на храната се врши во црквата или во портата на црквата, по што се пристапува кон дарувањето и размената на јајца, а верниците се поздравуваат со „Христос воскресе“. После тоа, осветената храна се јаде на празнична трпеза во куќите.[3]

  1. 1,0 1,1 „„Ускршњи обичаји - освећивање паске / пошвецаня паски (русин.) / посвячення паски; посвячення великоднього кошика (укр.)". Нематеријално културно наслеђе Србије. Посетено на 8 јуни 2021.
  2. „Уписи у Национални регистар НКН-а“. Нематеријално културно наслеђе Србије. Посетено на 8 јуни 2021.
  3. 3,0 3,1 „Etnografski muzej u Beogradu“. gluseum. Посетено на 8 јуни 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]