Прејди на содржината

Васил Капаровски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Васил Капаровски ( 1920 во Тетовско1944 во Водно, Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште. Под притисок на теророт на италијанско-албанската фашистичка окупација се доселил во Скопје, каде се вклучил во организираната борба против окупаторот. На 6 септември 1944 година стапил во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил борец на третиот баталјон. Во составот на бригадата, учествувал во борбите против Германците и балистичките банди. Учествувал и во борбите што ги водела бригадата на Водно против балистичките банди. Во овие борби храбро загинал, кај месноста Бел Камен. Неговите посмртни останки биле закопани во селото Света Петка.[1]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 202. На |first= му недостасува |last= (help)