Ваит Насуфи

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ваит Насуфипоет и писател за деца од албанската националност во Македонија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Насуфи е роден на 9 август 1945 година во с. Велешта, Струшко. Завршил Виша педагошка школа. Вработен е како наставник во основното училиште „Зими Хани“ во Велешта. Член на ДПМ од 1983 година. Автор е на книгите: Брановите на Дрим (1980), Другар ми е славејот (1984), Времето на светулките (1986), Бабата ги брои ѕвездите (1994), Кој сонува најубаво (1996), Љимат солза (1997), Тежината на каменот (1997).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 175.