Бурзитис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бурзитис
Bursitis Elbow WC.JPG
Бурзитис
Класификација и надворешни извори
СпецијалностФизијатрија
МКБ-10M70-M71
МКБ-9727.3
DiseasesDB31623
MedlinePlus000419
eMedicineemerg/74
MeSHD002062
Esculaap4.svg    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).




Бурситис – воспаление на една или повеќе бурзи (мали кесички) на синовијалната течност во телото. Бурзите се покриени со синовијална мембрана која лачи подмачкувачка синовијална течност. [1] Постојат повеќе од 150 бурзи во човечкото тело. [1] Бурзите се наоѓаат во точките каде што внатрешните двигатели, како што се мускулите и тетивите, се лизгаат по коските. Здравите бурзи создаваат мазна функционална површина, практично без триење, со што нормалното движење е безболно. Кога се појавува бурзитис, движењето кое се базира на воспалената бурза, станува тешко и болно. Освен тоа, движењето на тетивите и мускулите врз воспалената бурза го влошува воспалението и го заострува проблемот. Мускулот, исто така, може да се укочи.

Симптоми[уреди | уреди извор]

  • болка, воспаление и оток во рамената, лактите, колковите, колената или зглобовите на дланките или стапалата, особено за време на истегнувања додека вежбате, дигате товар или на кој било начин го напрегнувате зглобот над неговите вообичаени можности
  • ограничен опсег во движењето на зглобот, со моментална болка или без неа

Обратете се на лекар[уреди | уреди извор]

  • ако болката во зглобот потрае подолго од неколу дена:можеби имате тендинитис (воспаление на тетивата), истегнат лигамент или тетива, или, можеби, тоа е почеток на артритис.
  • ако отокот потрае и по пиењето средства против болки или противвоспалително средство како што ви е препишано:можеби лекарот ќе мора да ви извлече течност од зафатениот зглоб или ќе морате да продолжите на лекување со кортикостероиди. таму, каде што коските, тетивите и лигаментите, ви се поместуваат едни покрај други, особено во близина на зглобовите, допирните точки се заштитени со кеси исполнети со течност која се нарекува бурза. Секоја од над 150 бурзи во организмот со намалување на триењето им помага на зглобовите да функционираат без тешкотии при сите природни движења. Кога зглобот премногу се користи, или останува под притисок или напнатост во текот на подолги временски периоди, најблиската бурза може да се воспали. Кесето се исполнува со дополнителна течност, предизвикувајќи притисок на околното ткиво. Моментните знаци на болка, често придружена со воспаление, отекување и чувствителност во тој предел. Едно од најчестите места што го зафаќа бурзитисот е рамото, кое има најголем опсег во движењата од сите важни зглобови на телото. Болката обично се чувствува по должината на надворешната горна страна на рамото. Непријатноста предизвикана од бурзитисот обично е најсилна по ноќното спиење, и по правило, малку ќе се намали со вообичаените активности. Другите места на кои бурзитисот обично се појавува се лактите, колковите и колената. Бурзитисот се поврзува со активностите при кои се напрегате, особено кај физичките работници и спортистите, како и кај луѓе кои обично седат, па го напрегаат организмот над разумните граници. Иако, можеби, сте во искушение да продолжите со активностите, занемарувајќи ги болките, тоа не е добра замисла. Хроничниот бурзитис кој не се лекува може да доведе до создавање наслојки на калциум во обично меките ткива, што понекогаш предизвикува трајно ограничување на подвижноста на зафатениот зглоб.

Причинители[уреди | уреди извор]

Непосредниот причинител за бурзитис, по правило, е повреда или притисок што го претрпел зглобот, што доведува до воспаление на бурзалната кесичка. Спортистите професионалци и аматери подеднакво го чувствуваат бурзитисот во облик на болно рамо, што се појавува поради трчање, фрлање и скокање, или претеран замав со рацете што е често во тенисот,кошарката и куглањето. Дигањето тежок товар, повторувањето на одредено движење или работа подолго време во невообичаени положби, исто така, можат да доведат до напади на бурзитис.

Лекување[уреди | уреди извор]

Бурзитисот обично исчезнува за неколку денови или недели, морате да преземете мерки за да го избегнете натамошното напрегање или повреда.

Конвенционална медицина[уреди | уреди извор]

Почетното лекување, по правило, се состои од ацетилсалицилна киселина (на пр. аспирин) или нестероидни противвоспалителни лекови. Тие средства против болки обично го смируваат воспалението. Со помош на топлина и ултразвук може да се олабави зглобот и да се забрза обновувањето на ткивото. Дијатермијата (лекувањето со длабинско греење) под водство на спортски лекар или овластен физиотерапевт не само што може да ја ублажи тегобата и воспалението предизвикано од бурзитис, туку може да ја смири и напнатоста на мускулите, нервите и тетивите. Бурзитисот може да се повтори, особено ако редовно се впуштате во напорно вежбање или физичка работа. Во таквите случаи лекарот, можеби, ќе препише лекување со кортикостероиди, во облик на орален лек, крем за површинска употреба или инјекција во заболените зглобови. Во потешки случаи може да биде неопходно да се извлече течност од воспалените и отечените бурзи со хиподермички шприц за да се ублажи притисокот. Во случај на долготрајни симптоми бурзите можат да се отстранат по хируршки пат.

Алтернативни начини на лекување[уреди | уреди извор]

Бурзитисот обично поминува сам од себе со мирување, но, меѓувреме, болките и воспаленијата можат да се намалат со низа различни методи.

Акупунктура[уреди | уреди извор]

Оспособеното стручно лице за акупунктура може за третман за постигне брзо смирување на болките предизвикани со бурзитис.

Работа на телото[уреди | уреди извор]

На повредениот или истегнат зглоб му е потребно мирување и имобилизација за да може да дојде до природно заздравување.

Хиропрактика[уреди | уреди извор]

Придружувајќи се кон конвенционалните методи за намалување на болките, хиропрактичарот може да ги примени техниките на мобилизацијата за повторно да се воспостави активен опсег на движењата на некој зглоб.

Лекување со лековити билки[уреди | уреди извор]

За да се забрза крвотокот, да се намали воспалението и да се ублажи напнатоста на мускулите, стручното лице на лековити билки би можело да препорача тинктура од 5 мл што се прима трипати на ден и која се состои од следните треви: по два дела кора од врба (Salix spp.), кора од картоп (Viburnum opulus) и семе од целер (Apium graveolens), заедно со еден дел од билката Zanthoxylum americanum.

Измешајте еднакви количества лобелија (Lobelia inflata) и кора од картоп да добиете тинктура со која можете да ги триете мускулите по потреба за да ја намалите напнатоста поврзана со болките од бурзитис.

Хомеопатија[уреди | уреди извор]

По процената на природата на болката предизвикана од бурзитис, хомеопатот може да ви препише терапија со Belladonna, Bryonia или Rhus toxicodendron.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Се препорачува витамин Ц (аскорбинска киселина), витамин А и цинк поради создавањето колаген кој ги изградува ткивата и поради обновувањето на повредените тетиви и ткива на бубрезите. Богати извори на витамин Ц во исхраната се агрумите и компирот;маслото од црн дроб на бакаларот е добар извор на витамин А. Освен тоа, се смета дека витаминот Е делотворно го забрзува зацелувањето на оштетеното ткиво. Следете ги препораките на оспособеното стручно лице за исхрана во поглед на количествата и траењето во теков на внесувањето на дополнителни количества витамини. Уште еден пристап за кој се тврди дека помага во повторените случаи на бурзитис вклучува и инјекции со витаминот Б12, што ќе ви го даде лицето оспособено за давање здраствена заштита и помош.

Превенција[уреди | уреди извор]

Загревањето пред напорната телесна вежба и ладењето после вежбањето е најделотворен начин да се одбегне бурзитисот и другите истегнувања што ги погодуваат коските,мускулите и лигаментите.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Vigorita, Vincent J.; Ghelman, Bernard; Mintz, Douglas (2008). Orthopaedic Pathology (Second издание). Philadelphia: Lippincott Williams and Wilkins. стр. 719. ISBN 978-0-7817-9670-5. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

УПАТСТВО ЗА МЕДИЦИНСКОТО ЗГРИЖУВАЊЕ ПРИ БУРЗИТИС (ПАТЕЛА И ЛАКТ)