Бугарски пошти
Вид | Бренд |
---|---|
Дејност | Логистика |
Основано | 1879 |
Седиште | Софија, Бугарија |
Услуги | Пошта |
Мреж. место | bgpost.bg |
Бугарски пошти (бугарски: Български пощи) — националната поштенска служба на Бугарија.[1] Компанијата е основана во 1992 година. Иако во 1997 година била трансформирана во акционерско друштво, таа е во целосна сопственост на државата.[1][2]
Нејзиниот претходник, Бугарски пошти и телекомуникации, била основана како Бугарски пошти и телеграфи по ослободувањето на Бугарија од османлиската власт, бидејќи привремената руска администрација ги предала сите пошти и телеграфски канцеларии на новообновената бугарска држава во 1879 година. Истата година се приклучила на Светскиот поштенски сојуз.[3] На 31 март 1997 година „Бугарски пошти“ ЕООД се трансформирала во акционерско друштво.
Во 2005 година компанијата работела со 3.008 пошти и вкупна поштенската рута со должина од 80.060 км. Компанијата имала монопол во земјата во обезбедувањето универзална поштенска услуга до 2006 година.
Во 2016, Бугарски пошти објавиле дека имаат 2.981 пошти и 4.814 поштенски сандачиња.[4]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Otsetova, Anna; Nedelchev, Lian (2018). „Universal Postal Service Market in Bulgaria: State and Challenges“ (PDF). Information Theories and Applications. Sofia: Institute of Information Theories and Applications. 25 (2): 61. ISSN 1313-0463. Архивирано од изворникот (PDF) на 1 August 2019. Посетено на 20 March 2021.
- ↑ „Companies and state enterprises“. Sofia: Ministry of Transport, Information Technology and Communications. n.d. Архивирано од изворникот на 4 December 2020. Посетено на 21 March 2021.
- ↑ „History“. Bulgarian Posts. n.d. Архивирано од изворникот на 2 December 2020. Посетено на 20 March 2021.
- ↑ Pencheva, Velizara; и др. (2017). „Organisation of the Work on Collecting Routes in Postal Activity Through an Automated System for Collection of Information“ (PDF). Transport Problems. Katowice: Silesian University of Technology. 12 (3): 147. doi:10.20858/tp.2017.12.3.14. ISSN 2300-861X. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 December 2017. Посетено на 20 March 2021.