Бричалка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бричалка

Бричалка – вид предмет кој служи за отстранување на несаканите влакна од телото, особено од лицето. Постојат различни видови бричалки како што се трајните, еднократните и електричните бричалки.

Историја[уреди | уреди извор]

Одредени видови бричалки почнале да се користат на многу места уште во бронзеното време[1].

Тогаш веќе биле најдени и изделкани остри предмети со кои се отстранувале несаканите влакна. На почетокот, овие предмети најчесто биле од заби на некои животни, а со настанувањето на првите цивилизации бричалките се правеле од бакар, па дури и од злато.

После тоа за бричење се користеле посебни ножеви – бричови. Модерните бричалки какви што ги знаеме денес првпат се појавиле во XVIII и XIX век.

Видови бричалки[уреди | уреди извор]

Постојат повеќе различни видови бричалки кои се разликуваат по одредени особености. Основните видови се: брич, бричалка со жилет, еднократни бричалки и електрични бричалки

Брич[уреди | уреди извор]

Бричот е специјално направен нож наменет за бричење. Најмногу се користел до XX век. Денес го користат мал број луѓе, глано оние кои држат до традицијата и во специјалните берберници.

Брич со заменливо ноже[уреди | уреди извор]

Овој вид на бричалка е ист како и стандардниот брич, но наместо трајно сечило, има заменливо сечило – ноже, кое по абењето се менува.

Бричалка со ноже[уреди | уреди извор]

Овој вид на бричалки се појавил на почетокот на XX век. Има дршка и рамен дел во кој се вметнува тенко ноже – жилет. Ножето се менува после неколку бричења.

Подоцна ножињата, па и самата конструкција на овие бричалки се променети. Ножето е заменето со едно или повеќе нивоа на сечила монтирани на посебнa пластично-гумена подлога - патрон[2].

Еднократни бричалки[уреди | уреди извор]

По својата конструкција еднократните бричалки се слични со претходните. Единствена разлика е што оваа бричалка нема заменливи делови и после едно или повеќе бричења мора целосно да се фрли.

Електрични бричалки[уреди | уреди извор]

Електричните бричалки се најслични на електричните машини за стрижење. Основната разлика е во многу попрецизните и поостри ножиња. Исто така адаптибилноста е многу поситна кај електричните бричалки. И кај овие бричалки постојат подетални поделби, пред сè по начинот на движење на сечилата, како и по тоа дали имаат батерија или е неопходно мрежно напојување.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Spielvogel, Jackson (2005). World History. Mc Graw Hill. стр. 25. ISBN 0-07-860702-7. 
  2. Бричалки Вилкинсон