Брзозборки
Брзозборките се зборовни конструкции тешки за изговор, се изговараат брзо и при брзиот изговор се прават грешки кои предизвикуваат весело расположение.[1] Во македонската литература брзозборки пишувале Васил Куноски, Рајко Јовчевски, Киро Донев и др.
Опис
[уреди | уреди извор]Брзозборката е необичен фолклорен жанр која претставува своевидна игра на зборови. Брзозборките се градат со поврзување на зборови кои се тешки за изговор и слични по својата звучност, често врз принципот на алитерацијата. Тематската страна на брзозборките не е важна, зашто тие служат за забава, за натревари во брз изговор или практично вежбање за брзо зборување. Оттука, во нив преовладува духовитоста. Од друга страна, брзозборките се многу поетични и ритмички убаво скроени. Денес, брзозборките повеќе му припаѓаат на детскиот фолклор.[2]
Примери
[уреди | уреди извор]
- Бел петел бела пепел прета.
- Џеб, џепче, џепчиња без денарчиња.
- Едно дрво јаворово преку поле Лазорово.
- Лош кантар црн катран мереше.
- Во дол бол има вол.
- Дрзок дрвар в дрма дрва врзал.
- Ситна роса ситно трева росеше
- Страчка каша варила од јачмен и просо, а пак ќосот во ќошот си го чепкал носот.
- Петре плети плот, да помине поп, да растуре плот, да ни дојде гос.
- Кантар тргат катран.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонски јазик - Димитар Пандев, Милка Миноска, Стојка Даскаловска
- ↑ Кирил Пенушлиски, „Предговор“, во: Пословици и гатанки (избор и редакција Кирил Пенушлиски). Македонска книга, Скопје, 1969, стр. 16.