Бранко Сотировски
Бранко Сотировски | |
---|---|
![]() | |
Роден(а) | 15 јуни 1952 Скопје, Република Македонија |
Националност | ![]() |
Занимање | ликовен уметник, дизајнер, иноватор, истражувач, пронаоѓач, писател. |
Значајни дела | Зета Македонија |
Страница zetamacedonia.com |
Бранко Сотировски (Скопје, 15 јуни 1952) — македонски ликовен уметник, дизајнер, иноватор, истражувач, пронаоѓач, писател.
Образование и истражувачка дејност
[уреди | уреди извор]Бранко Сотировски дипломирал во класата на професор Димитар Кондовски, педагог по ликовно воспитување. Сотировски бил учесник во повеќе проекти од областа на ликовната уметност и дизајн на предмети од индустријата, машини и технологија.
Со истражувачка активност од областа на палеолингвистика се занимава од 1988. Ги проучува македонските споменици на културата со старост од 400 000 години до денес пронајдени ширум светот. Дешифрира и толкува текстови објавени во книгата „Зета Македонија“.[1] Поголем дел од неговата истражувачка работа е презентирана на мрежното место на Зета Македонија, каде читателите и сите љубители на македонската цивилизација и култура имаат можност постојано да се информираат за нови, занимливости поврзани со оваа тема, видеа на дел од материјалите од книгата, извадоци и кратки текстови со цел зачувување и негување на најстарото македонско културно наследство.
Бранко Сотировски е голем борец за зачувување на македонското име и идентитет, и успешно ја презентира древната македонска вера откриена низ дешифрирани записи со јазична, писмена и културна традиција до денес на сите пет континенти.
За Зета Македонија
[уреди | уреди извор]Според Бранко Сотировски, Зет е: „кога младиот татко Сонце од денот XXV декември сè до XXII-март ќе ја оплоди невестата земја Македонка, со поглед ЗЕ=ЅЕ. Според македонската вера зет е секојдневното воскреснување на денот со првиот сончев зрак ИЛ. Персонификација на Зетот Сонце Илија во човечка форма е синот божји Македон. Тој е владетел - крал на територијата, која е подарена од таткото, како еден дел од Големата Мајка Македонија рајот. Според неговата титула зет, татко, господар - Господ на Земјата, неговата територија наречена е Зета Македонија“.
Проектот „Зета Македонија" содржи:
- Првото дело - дигиталното издание насловено како: „Зета Македонија - транскрипции и толкување на древните македонски натписи” Том I;
- Првото дело - дигиталното издание, превод од англиски на македонски: „Zeta Macedonia - transcriptions and interpretation of ancient Macedonian inscriptions. Vol.1”;
- „Зета Македонија“ - поема за создавањето на светот и Македонија, рајот во Вселената и Ѕемјата - печатено издание и носач на звук;
- Првата печатена публикација: „Зета Македонија, 400.000 години писменост, македонска цивилизација на пет континенти, традиција до денес” поддржана од Министерството за култура на Република Македонија;
- Второ дополнето издание: „Зета Македонија, 400.000 години писменост, македонска цивилизација на пет континенти, традиција до денес”
- Второто дополнето издание, превод од македонски на англиски јазик: „Zeta Macedonia : 400,000 years of literacy, macedonian civilization on five continents tradition up to the present”
- Музички композиции на текст од дешифрираните натписи од Бранко Сотировски, компонирани од Сашо Ливрински – Лаврод, отпеани од Серафина Фантаузо и Сузана Спасовска.
- Молитви - псалми од дешифрирани текстови компонирани од Јане Коџабашија, изведени од Серафина Фантаузо и хорот Св.Некратиј.
За книгата
[уреди | уреди извор]
Во овој проект вклучени се низа истражувања чија содржина се однесува на периодот од праисторијата. Првото печатено издание на книгата е поддржано од Министерството за култура на Република Македонија, a отпечатено е и второ дополнето издание и превод од македонски на англиски јазик со 520 страници, кои содржат 243 дешифрирани текстови од целиот свет, како и 655 илустрации. Во неа се обработени археолошки пронајдоци и артефакти од секаде низ светот и на сите пет континенти кои укажуваат на постоење и континуитет на македонската култура, писменост и јазик, милениуми наназад до 400.000 години македонска ера пред појавата на христијанството.
Анализата на овие артефакти и значајни пронајдоци од историјата на човештвото се однесуваат на „толкување на нивното лингвистичко и верско значење“, наспроти општо прифатеното дека тоа се дела на примитивни луѓе кои не знаеле да се изразат писмено и симболично. Луѓето (почнувајќи од најстариот обработен артефакт од пред 400.000 години) од праисторијата живееле цивилизирано, во општествено уреден живот налик на денешниот, пишувале и комуницирале на македонски јазик, користеле македонска азбука. Науката, верувањата, обичаите и културните достигнувања не биле непознати за македонскиот народ. Тие биле дел од секојдневието на луѓето, цврсто и непосредно поврзани и со науката и со верата. Целиот општествен и културен живот на Македонците е сеопфатно организиран во една држава, распространета на сите пет континенти и се нарекува „Зета Македонија“. Тоа е држава која во својот склоп опфаќа повеќе помали Зети кои ѝ даваат посебен белег и своја одлика на „големата Зета Македонија“ како целина.
Темата и дел од истражувањата послужија и како инспирација за музички нумери на текст од авторот Бранко Сотировски, кој ги сублимираше дешифрираните натписи во стихови, кои ја опеваат македонската вера, опфаќајќи ги сите континенти и периоди. Оваа книга е стремеж на авторот за презентација на македонскиот јазик, наука, култура и македонската монотеистичка вера.
За својата теорија Бранко Сотировски вели:
„ | „Сето верување на Македонците уште од појавата на писмото, дешифрирано и транскрибирано на современ македонски јазик од пишаните споменици како сведоштва, е прикажано на страниците на мојата книга „Зета Македонија“. Останува наша задача, сето тоа да се прикаже во јавноста, како дел од едно непроценливо богатство на еден народ - Македонскиот, кој му ја подарува на светот најстарата вера на Големата Мајка - Тумба со пишани докази, а со тоа влегува во историјата како најстар народ, чии цивилизациски развиток има континуитет до денес. За сонцето како единствено божество, за Големата Ма со нејзините развојни фази, за пролетта Дон и божјиот Македон, за Луна како времето бесконечно, се чуваат живи спомени и во многубројните песни, приказни, традиционални везови и орнаменти на килими, кои откриваат траги за некогашниот култ кој претставува историја на светот.“ | “ |