Ботанически сад (Московско метро)
Изглед
Ботанически сад Ботани́ческий сад | |
|---|---|
| Општи информации | |
| Место | Ростокино Североисточен административен округ Москва |
| Сопственик | Московски Метрополитен |
| Линии | |
| Перони | 1 |
| Колосеци | 2 |
| Поврзана со | Автобус: 33, 61, 71, 134, 154, 185, 195, 603, 628, 789 |
| Објект | |
| Длабочина | 7 метри |
| Нивоа на пероните | 1 |
| Паркинг | не |
| Пристап за инвалиди | не |
| Архитект | Н.И. Демчински и Ј. А. Колесникова |
| Други информации | |
| Код на станицата | 089 |
| Историја | |
| Отворена | 29 септември 1978 |
Ботанически сад (руски: Ботани́ческий сад) — станица на московското метро во Ростокино, Москва, Русија. Се наоѓа на линијата Калужско-Рижскаја, помеѓу станиците Свиблово и ВДНХ.
Станицата била отворена на 29 септември 1978 година, како дел од делот ВДНХ - Медведково, по што московското метро добило 107 станици. Станицата е именувана по Московската ботаничка градина на Академијата на науките. Името е донекаде збунувачки бидејќи градината е во близина на влезот на станицата Владикино, но потребни се 10-15 минути пешачење за да се стигне до Ботаничката градина од метро станицата Ботанически сад.